По повод дваесет години постоење на детскиот литературен фестивал „Ракатки“, Фестивалскиот одбор распишува
К О Н К У Р С
за наставниците од основното образование во Република Северна Македонија љубители на пишаниот збор.
Темата на конкурсот е „Јазикот е нашата единствена татковина“.
Творбата треба да биде напишана на македонски стандарден јазик во поетска или во куса прозна форма, во ворд-документ со фонт 12 (ариал со македонска поддршка) и да не биде подолга од една страница.
Потребно е да ги содржи и следниве општи податоци:
а) име и презиме на наставникот;
б) училиште и место;
в) број на телефон за контакт и
г) фотографија (портрет) на наставникот.
Наставниците од другите националности може да ја достават творбата и на својот мајчин јазик, со превод на македонски стандарден јазик.
Право на учество на Конкурсот имаат сите наставници од основното образование.
Конкурсот е отворен од 21.11.2023 до 20.12.2023, а периодот за испраќање на творбите е од 21.12.2023 до 30.12.2023 година до 20 часот.
Напомена:
• творбите што нема да ги исполнат пропишаните критериуми и кои ќе пристигнат по наведениот период за испраќање, нема да бидат земени предвид за разгледување и за вреднување;
• творбата да биде испратена на адресата [email protected]
Во согласност со овој Конкурс, жири-комисијата од пристигнатите творби ќе избере 15, со кои авторите ќе настапат на Денот на мајчиниот јазик, 21.2.2024 година.
Одлуката на жири-комисијата ќе биде објавена во дневниот весник „Нова Македонија – Колибри“.
Завршната манифестација ќе се одржи на 21.2.2024 година на Денот на мајчиниот јазик.
Фестивалскиот одбор на детскиот литературен фестивал „Ракатки“
Дом на просветни работници
ул. „Ангел Димовски“ бр. 4, Скопје