Здрава храна
Дали некогаш сте добиле толку силна желба за благо, што сте биле во состојба да направите сѐ за кутија чоколадни бисквити? За жал, повеќето луѓе оваа необјаснива желба за слатко и чувството на задоволство по неговата консумација ги потсетуваат на вистинска зависност, како онаа од дрога. Исто така, објавени се многу истражувања што необичните ефекти од шеќерот на нашиот мозок ги споредуваат со ефектите што ги имаат разни дроги. Тука е и фактот дека консумацијата на шеќер води до зголемена желба за слатко, токму како и во случајот кога сме зависници од дрога.
Меѓутоа, по сѐ изгледа нарекувањето на оваа состојба зависност е малку преувеличено. Според најновите истражувања, направени во британскиот универзитет „Кембриџ“, всушност нема многу докази што би го поткрепиле концептот на зависност од шеќер кај луѓето. Тимот научници што ги проучувале претходно објавените студии пронашле неколку големи недостатоци, а најголемиот е фактот дека студиите биле спроведени врз глодачи, а не врз луѓе. Друг недостиг е фактот дека луѓето најчесто го консумираат шеќерот во комбинација со друга храна и нутриенти, додека глодачите консумирале само шеќер. Сепак, овие заклучоци не значат дека одеднаш шеќерот е добар за нашето здравје, бидејќи и натаму може да има негативни последици за нашиот организам – повеќе килограми, нарушено лачење на хормоните, појава на акни. Меѓутоа, погрешно е интензивната желба за благо да се нарече зависност, а, ете, и научните тврдења веќе не се научно базирани.