ГОСТУВАЊА

Младите игроорци од КУД „Негорци“, од 22 до 26 април, учествуваа на 17. Интернационален детски фолклорен фестивал, кој секоја година се одржува во градот Назили, по повод 23 Април, Денот на националниот суверенитет на Турција и Денот на детето, востановен од Мустафа Кемал Ататурк.
На фестивалот учествуваа ансамбли од Киргистан, Бугарија, Грузија, Македонија и од Турција. Нашите игроорците имаа четири настапи, на кои го претставија целото богатство на македонскиот изворен фолклор.
Тие заедно со децата учесници од други држави беа примени и од градоначалникот на Назили, Куршат Енгин Озџан, во неговиот кабинет, каде што им беа доделени пригодни подароци.