Ајде да видиме…

Светлината е вид енергија – форма што нашите очи можат да ја забележат и која ни овозможува да ги видиме нештата околу нас. Светлината ја создаваат силно загреани предмети, како што се Сонцето, огнот и тенките жици во внатрешноста на електричната светилка. Сончевата светлина е важна речиси за сите видови живот на Земјата.
Некои животни имаат органи што произведуваат светлина. Оваа нивна особина се нарекува биолуминисценција. Таа настанува по пат на хемиски реакции во живите клетки. Женката светулка (вид инсект) шири светлина кога е подготвена за парење.

(„Прашања и одговори“, детска илустрирана енциклопедија на „Топер“)