Испраќајте творби за детскиот литературен фестивал „Ракатки 2023“

Фестивалскиот одбор на републичкиот детски литературен фестивал
„Ракатки“ – Скопје распишува
КОНКУРС
за најдобри литературни творби на „Ракатки“ 2023

Темата на годинашниот конкурс е „Чистата средина – мост до моето здравје“.
Творбата треба да биде напишана на македонски литературен јазик во поетска или во куса прозна форма.
− Учениците од другите националности, кои живеат во Македонија, творбата може да ја достават и на својот мајчин јазик, со превод на македонски литературен јазик.
Право на учество на конкурсот имаат учениците од четврто до деветто одделение.
Секое училиште може да учествува само со една творба, која треба да биде избрана како најдобра од одржаниот училиштен литературен конкурс или, пак, како избор од литературната секција на училиштето.
Менторите да настојуваат да не се избираат истите ученици што веќе учествувале на „Ракатки“, бидејќи оваа литературна манифестација има цел да им даде можност на голем број талентирани ученици да го презентираат својот литературен израз.
Творбата треба да биде напишана во ворд-документ, да не биде подолга од една страница и да ги содржи следниве општи податоци:
а) име и презиме на ученикот;
б) одделение, училиште и место;
в) име и презиме на менторот (број на телефон за контакт) и
г) фотографија (портрет) на ученикот.
Конкурсот е отворен од 24.1.2023 до 24.2.2023 година до 20 часот.
− Творбите што нема да ги исполнат пропишаните критериуми и кои ќе пристигнат на 24.2.2023 година по 20 часот, нема да се земат предвид за разгледување и вреднување.
− Творбата треба да биде испратена исклучиво од е-адресата на менторот по електронски пат на адресата: [email protected];
Во согласност со овој конкурс, комисијата (составена од писатели за деца и млади) од сите пристигнати творби ќе избере 30 најдобри со кои авторите ќе настапат на фестивалот „Ракатки“ 2023.
Одлуката на комисијата ќе биде објавена на 7.3.2023 година во додатокот за деца „Колибри“ на дневниот весник „Нова Македонија“.
Завршната манифестација на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ 2023 ќе се одржи во втората половина на мај или првата седмица во јуни 2023 година.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Наградата нема да му биде доделена на авторот ако не настапи на фестивалот со интерпретација на својата литературна творба.
Фестивалски одбор на „Ракатки 2023“