Размисли и одговори

Излегува по дожд
или кога роси,
а секогаш со себе
куќата ја носи.

Пасе трева секаква,
штета в бавчи прави,
со месото негово и слава
се прави.

Тешка му е куќата,
па се движи бавно,
од многуте душмани
свршува неславно.
Има долги рогови,
собран в куќа спие,
од змии и гуштери во неа се крие.

Од книгата „120 гатанки
за мали и големи деца“
на Цане Трпкоски

(полжав)