Здрава храна
Професионалните готвачи не се согласуваат со сите одговори, но има некои намирници што никогаш не треба да ги купувате замрзнати.
Леб: Иако можеби е погодно да купите замрзнат леб што само го печете или одмрзнувате, не треба да го правите тоа. Готвачите сигурно не би го направиле ова, знаејќи дека составот на лебот малку се менува кога ќе се замрзне. Веќе не ги содржи хранливите материи што вообичаено би ги добивале од лебот.
Јагоди: Ако сакате да направите рецепт што вклучува јагоди, не купувајте ги замрзнати, велат експертите за исхрана. Десертот може да не успее, или бобинките да немаат вкус каков што очекувате. Поради нивната порозна структура, тие се презаситени со вода и почнуваат да се распаѓаат кога ќе се замрзнат.
Плескавици: Толку е примамливо да купите готови плескавици за да ги додадете во вашиот домашен бургер. Сепак, подобро е да ги подготвите сами од свежо мелено месо. Додадете зачини по вкус, пропржете и веќе имате делумно приготвен ручек. Готвачите велат дека замрзнатите плескавици имаат многу полош вкус.
Брокула: Можеби веќе сте забележале дека замрзнатата брокула е кашеста откако ќе ја загреете, а стеблата се гумени и без вкус. Брокулата е мошне нежен зеленчук што го губи вкусот кога е замрзнат, а што е уште полошо, губи многу хранливи материи. Ледените кристали можат да ги скршат растителните клетки, во кои се кријат витамини и минерали.