Најголем интерес кај публиката на фајналфор-турнир од ЛШ во Келн предизвика статистиката на „паметната“ топка, која првпат беше промовирана. По секој упатен шут од ракометарите на официјалниот семафор се отчитуваа брзината и должината на шутот. Епитетот „бомбардер“ на фајналфорот замина на адреса на најдобриот ракометар на денешницата Никола Карабатиќ, кој во мечот за 3. место со Вардар исфрли две „ракети“ со брзина од 135 и со 139 км/ч. Втор на бомбардерската листа е десниот бек на Монпелје, Мелвин Ричардсон, кој против Вардар шутираше со брзина од 133км/ч.