Договорот за името ќе се потпише утре
Под зајакнати безбедносни мерки шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во регионот на Преспа на грчка страна ќе стават потпис на договорот за решавање на спорот за името, со кој е предвидено официјалното име за севкупна употреба да биде Република Северна Македонија или скратено - Северна Македонија.
На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и...
Излезе од затвор рускиот опозициски активист Алексеј Навални
Рускиот опозициски активист и основач на „Фондот за борба против корупцијата" Алексеј Навални излезе од затвор.
Навални, кој беше осуден на 30 дена затвор за организирање на нелегални протести во главниот град на Москва, отслужи едномесечна затворска казна и беше ослободен.
Судот во Тверската област минатиот месец го осуди Навални на 30 дена затвор за неговата улога во организирањето протести против...
Паулињо: Бразил е подобро подготвен отколку во 2014-та
Фудбалерот на бразилската репрезентација, Паулињо смета дека тимот е многу поподготвен за напад на Светскиот куп сега, отколку што беше пред четири години на домашниот Мундијал.
На домашен терен, „селесао“ дојде во полуфиналето, каде што претрпе историски дебакл против Германија од 1:7. Домаќините тогаш загубија и во борбата за третото место против Холандија.
Дваесетидеветгодишниот Паулињо тогаш беше дел од клубот, чиј...
Бројот на Британци кои побарале да станат Белгијци пораснал над десет пати
Бројот на Британци, кои побарале белгиско државјанство, пораснал над десет пати во последната година, јавуваат медиуми во Белгија.
Тие забележуваат дека барањата се зголемуваат поради нејаснотиите во условите за заминувањето на Британија од ЕУ. Постапката бара од луѓето да аплицираат во општината каде што се регистрирани и да платат такса од 150 евра. Тие мора да живееле легално во Белгија најмалку пет...
ЕУ постигна договор за поголема употреба на обновливи енергии
До 2030 во ЕУ 32 проценти од енергијата, која се консумира, ќе мора да биде произведена од обновливи извори на енергија, што претставува поамбициозна цел од онаа предложена од Европската Комисија начелно, која беше 27 проценти, информира дописничката на МИА од Брисел.
Ова е резултатот на преговорите кои се водеа помеѓу Европскиот Парламент и Советот на ЕУ, а директивата ќе...
„Базфид“: На самитот на Г-7 Трамп изјавил дека Крим е руски
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, синоќа одби да ја коментира информацијата што се појави во некои американски медиуми дека Доналд Трамп изјавил дека Крим е руски.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, информативниот портал „Базфид њуз“ се повика на дипломатски извор кој потврдил дека за време на самитот со лидерите од Г-7 во Канада, Трамп изјавил дека...
Отворањето на Светското првенство 2018
" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]
Синоќа се случи отворањето на Светското Првенство во фудбал 2018 на стадионот Лужники во Москва, Русија, тоа беше причина за прослава низ целиот свет.
На свеченото отворање настапи Роби Вилијамс со три негови хитови. За настапот пејачот изјави дека му е вистинска чест и задоволство што е дел од едно вакво незаборавно шоу и е навистина...
Роналдо осуден на условна казна затвор од две години и ќе плати 18,8 милиони евра
Фудбалерот на Реал Мадрид и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е осуден на условна казна затвор од две години и ќе плати казна од 18,8 милиони евра поради затајување на данок.
Шпанските даночни власти го обвинија фудбалерот за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра.
Роналдо нема да оди во затвор, доколку не го повтори делото во следните две години.
Тој самиот го признал делото, a неговиот адвокатски тим досега не можеше...
Грчката министерка за Македонија и Тракија: Нема да го поддржиме договорот, за нас Македонија е Грција
За нас, Македонија е Грција и Грција е Македонија, рече министерката за Македонија и Тракија, Мариа Колиа Царуха од редовите на Независни Грци, говорејќи на расправата во парламентот и го повтори ставот на нејзината партија дека нема да гласаат за договорот, но остануваат во владата, ја поддржуваат и ќе гласа против предлогот на Нова демократија за недоверба на владата,...
ЈП Водовод: Во Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици
На територија на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици, информираат од скопското ЈП Водовод и канализација.
- Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје беа искочени на терен и превентивно делуваа за време на денешните обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер. Вонредно беа повикани 150 луѓе од секторот водовод и секторот канализација со што не се дозволи...








































