Коѕијас во Парламентот ќе претстави доверливи документи за преговорите за името
По наредба на Никос Коѕијас, околу 30 доверливи документи поврзани со преговорите за името, било побарано од грчкото МНР да се декласифицираат, а денеска министерот за надворешни работи на Грција ќе ги објави на расправата во Парламентот, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори.
За информацијата не постои официјална потврда, а според натписите, станува збор документи кои откриваат како...
Во пожар уништена зграда од Универзитетот во Глазгов
Голем пожар што изби во Уметничката школа во рамки на Универзитетски комплекс во Глазгов уништи една зграда, изградена во 1909 година и се прошири на уште две.
Пожарот избил доцна синоќа и за негово гаснење биле ангажирани 120 пожарникари. Засега нема извештаи дека во пожарот има повредени.
Зданието Мекинтош, што изгоре требаше по реставрација од пожар во 2014 година, да биде...
Повторно растат тензиите во ЕУ поради мигрантите, тврди „Гардијан“
Три години по почетокот на бегалската криза во Европа повторно се зголемуваат тензиите меѓу членките на Европската унија за тоа како да се реагира на илегалната имиграција, воглавно од Блискиот исток и од Африка, објави Гардијан.
Бројот на мигранти кои доаѓаат во ЕУ е намален од 2015-2016 поради договорот на ЕУ со Турција, новите огради на границте на Балканот и...
Продолжува расправата во грчкиот Парламент, се гласа недоверба на Владата
Во грчкиот Парламент пред 10 часот по локално време почна третиот дел по поднесеното барање од Нова демократија за гласање недоверба на Владата. Договорот со Македонија е во фокусот на дискусија на грчките пратеници, пренесе МИА.
Дебатата се очекува да кулминира со говорите на лидерите на политичките партии и грчкиот премиер, а ќе заврши со гласање недоверба.
Според досега изнесените ставови,...
Курц: Западен Балкан и ширење на ЕУ меѓу приоритетите за време на претседавањето со ЕУ
Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна во интервју за виенски Стандард дека очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција во врска со името.
– По договорот за името, се надевам и дека ќе следува голем чекор за Македонија- изјави тој.
Курц вели дека за време на претседавањето на Австрија со Европската унија очекува напредок во пристапните преговори на...
Сообраќајка на патот Демир Капија-Смоквица
Сообраќајна незгода се случила на автопатот Демир Капија-Смоквица при што е повредено едно лице.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди дека имало сообраќајка во која учествувало едно возило со гевгелиски таблички. На повреди се пожалил возачот на возилото.
Во моментот се врши увид на местото на несреќата од страна на екипи на полицијата.
Договорот за името ќе се потпише утре
Под зајакнати безбедносни мерки шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во регионот на Преспа на грчка страна ќе стават потпис на договорот за решавање на спорот за името, со кој е предвидено официјалното име за севкупна употреба да биде Република Северна Македонија или скратено - Северна Македонија.
На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и...
Излезе од затвор рускиот опозициски активист Алексеј Навални
Рускиот опозициски активист и основач на „Фондот за борба против корупцијата" Алексеј Навални излезе од затвор.
Навални, кој беше осуден на 30 дена затвор за организирање на нелегални протести во главниот град на Москва, отслужи едномесечна затворска казна и беше ослободен.
Судот во Тверската област минатиот месец го осуди Навални на 30 дена затвор за неговата улога во организирањето протести против...
Паулињо: Бразил е подобро подготвен отколку во 2014-та
Фудбалерот на бразилската репрезентација, Паулињо смета дека тимот е многу поподготвен за напад на Светскиот куп сега, отколку што беше пред четири години на домашниот Мундијал.
На домашен терен, „селесао“ дојде во полуфиналето, каде што претрпе историски дебакл против Германија од 1:7. Домаќините тогаш загубија и во борбата за третото место против Холандија.
Дваесетидеветгодишниот Паулињо тогаш беше дел од клубот, чиј...
Бројот на Британци кои побарале да станат Белгијци пораснал над десет пати
Бројот на Британци, кои побарале белгиско државјанство, пораснал над десет пати во последната година, јавуваат медиуми во Белгија.
Тие забележуваат дека барањата се зголемуваат поради нејаснотиите во условите за заминувањето на Британија од ЕУ. Постапката бара од луѓето да аплицираат во општината каде што се регистрирани и да платат такса од 150 евра. Тие мора да живееле легално во Белгија најмалку пет...








































