Уапсен грчкиот пратеник кој повика на воен удар
Во стан во северниот дел на Атина рано утрово е уапсен пратеникот Константинос Барбарусис, по кој полицијата трагаше од петокот, откако успеа да им побегне на полициајците со службениот автомобил движејќи се со брзина од 180 километри на час.
Од автомобилот што го пренесуваше од централната зграда на полицијата кон Судот во Атина, Барбарусис кон новинарите извика: „Македонија е грчка“.
Како што јави дописничката...
Пет милиони евра штета од невремето, земјоделците бараат градобијнa заштита
Пет милиони евра, толку според првичната проценка на земјоделците изнесуваат штетите од минатонеделното невреме во Овчеполието.
Земјоделците очекуваат обесштетување и апелираат државата итно да го врати системот на градобијна заштита.
За денеска во Ново Село, директно на терен, е закажана средба со претставници на локалните самоуправи од Велес, Свети Николе и Лозово. На средбата ќе присуствува и ресорниот заменик-министер Благе Цветковиќ.
- Ние очекуваме...
Од Моклиште 75 години одекнува плачот по 12-те ваташки младинци
Бугарските фашисти на 16 јуни 1943 година во месноста Моклиште стрелаа 12 младинци на возраст од 15 до 27 години, сите од селото Ваташа. И годинава, како и изминатите години, им беше оддадена почест на жртвите на Ваташкиот масакр, а меѓу присутните имаше повеќе потомци на нивните семејства, внуци на загинатите младинци, како и 87-годишната сестра на Блаже Ицев,...
Новото име во договорот e обид за вештачка промена на македонскиот идентитет
Договорот ја поништува целата македонска историја и промовира нова држава, нова нација, со ново име
Договорот склучен помеѓу владите на Република Македонија и на Република Грција содржи делови што целосно го поткопуваат македонскиот национален идентитет, ја негираат македонската државност и ги рушат темелите на државноста засновани на одлуките и на решенијата од Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944...
Продолжи размената на тениски „преврати“ помеѓу Федерер и Надал
Од август лани Надал трипати беше на врвот на АТП-листата, а Федерер трипати го надминуваше, како што треба да биде од денеска, со новата листа на најдобри тенисери во светот
Од денеска одново тенисер број еден во светот треба да биде Швајцарецот Роже Федерер, преземајќи го врвот на листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) од Шпанецот Рафаел Надал.
Ова е...
Писмо до моите
Почитувани сонародници,
Чувствувам лична, човечка потреба да одговорам на повиците за јавна дебата што деновиве фрчат од разни страни и да се вклучам во неа. Се надевам дека нема да ме сметате за натрапник само затоа што живеам во друга земја и под друго знаме, со соседите зборувам друг јазик и на јавни свечености пеам друга химна - бидејќи со...
Село Нивици, Егејска Македонија
Селото Нивици, Преспанско, Егејска Македонија, е дел од општината Преспа, во Леринскиот округ во Грција. На последниот попис од 2011 година, селото имало 83 жители, сите Македонци, според книгата на Тодор Симовски, „Населените места во Егејска Македонија“.
Селото се наоѓа во најјужниот дел на големото Преспанско Езеро, на подножјето од продолжетокот на Галичица, наречен Сува Гора, на надморска височина од...
Тројца младинци пак се шампиони, но во повозрасни категории
На младинското првенството на Македонија настапија 82 шахисти (65 во машка и 17 во женска конкуренција), а во однос на лани, но во повозрасни категории, титулите пак ги освоија Златков, Велковски и Манова
Вкупно 82 учесници, од кои 65 во машка и 17 во женска конкуренција, поделени во шест возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16 и 18 години), настапија...
Историјата ќе му суди на овој договор
Илјадници граѓани од сите краишта на Македонија, вчера во Битола протестираа против, како што нагласија, „договорот за капитулација на Република Македонија“. Колоната, на чие чело беше Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го испрати повикот за протест, својот марш го почна од пред спортската сала „Младост“ до плоштадот „Гоце Делчев“. Мицкоски нагласи дека Македонците отсекогаш низ историјата на...
Ние сме носители на суверенитетот на нашата земја, ние сме демосот
Република Македонија се брани со ум и со срце, без насилство, но со силна и со недвосмислена волја да се стои на својот став дека ние не сме колонија, не сме тиква без корен, не сме измислена нација и не сме примитивци
Билјана Ванковска
Текстот на договорот меѓу Атина и Скопје, дочекан со мошне изнасилена еуфорија од меѓународните кругови, е мошне...








































