Поројни врнежи и наредните денови
До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови.
Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.
Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе...
Инфо тура за претставување на туристичките атракции на Македонија
Новинарски екипи од повеќе медиумски куќи од Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина специјализирани за туризмот во следните четири дена ќе ги посетат највпечатливите туристички атракции во Република Македонија.
Инфо турата е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со ЈСП Турс.
Првиот ден, како што информираат организаторите, на агендата се посета...
Петер: Договорот со Грција ќе има огромно влијание врз бизнисот
Огромно ќе биде влијанието од потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција врз бизнисот. На граѓаните нема токму денес да им биде јасно што значат настаните од минатиот викенд, но има време пред нас во кое ќе им овозможиме да разберат, рече денеска претседателот на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија Штефан Петер.
Според него, Договорот е...
Ограбен маркет во Тетово
Маскирани разбојници вчера со закана со ножеви ограбиле маркет во Тетово.
Како што соопшти МВР, на ул. „Штипска“ во Тетово четворица маскирани од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Нов Зеланд воведува данок за странски туристи
Владата на Нов Зеланд планира да воведе данок за повеќето странски туристи, со цел да ја намали оптовареноста на туристичкиот сектор кој е во подем.
Министерството за туризам ќе почне да им наплаќа такси на посетителите од 35 долари. Се очекува новата такса да го зголеми буџетот на земјата за 55,8 милиони долари. Владата, наводно, планира да ги искористи тие...
Опожарено возилото на пратеникот Хари Локвенец
Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа околу 23.00 часот било опожарено од непознати сторители.
Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција.
Како што е наведено во полицискиот билтен, Х.Л. (48) од Прилеп синоќа во во СВР Битола во 23:05 часот пријавил дека околу 23:00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски...
Договорот со Грција ќе биде испратен на ратификација во Собранието
Владата на Република Македонија на денешната 74. седница го разгледа и усвои Предлог - законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на...
Каде е најголема изложеноста на лажни вести
Високото ниво на медиумска писменост е важно кога станува збор за издвојувањето на фактите од фикцијата и идентификувањето лажна вест. Тоа е важен аспект на извештајот на Институтот за дигитални вести на Ројтерс, кој ги испитуваше довербата и дезинформацијата во глобалната потрошувачка на вести. Неизненадувачки, извештајот покажа дека луѓето со повисок степен на интерес за вестите имаат тенденција да...
Можно ли е Италија да успее да се оттргне од ЕУ
Имајќи предвид дека италијанската политика е толку многу балканизирана, ниту оваа влада ниту која било слична коалиција ќе има доволно сила да направи крупни промени во курсот по кој се движи државата, сметаат аналитичарите
Италија конечно има влада, една необична коалиција составена од две неконвенционални, евроскептични партии. Раководството почна со фалбите, заветувајќи се дека ќе ги исполни своите предизборни ветувања....








































