Продолжуваат протестите пред Собранието
Граѓани и вечерва се собираат пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата.
Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.
Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот на државата, „Македонија“,...
Без струја делови од општините Карпош, Аеродром и Сопиште
Корисниците од село Бардовци во општина Карпош во вторник од 8.30 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.
Како што соопшти РЦУК, од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. бр. 1 во село Горно Соње,...
ЕУ го зголемува буџетот за вселенската програма
Европската унија предложи зголемување на буџетот за вселенската програма од 50 проценти, на 16 милијарди евра.
Новиот буџет за период од 2021 до 2027 година ќе ја зајакне улогата на ЕУ во вселенските истражувања во светот, соопшти Европската комисија.
Тие истражувања помагаат во управување со земјиште, урбано планирање, за оптимизирање на крајбрежниот сообраќај, набљудување на Земјата, телекомуникациите и навигацијата, како...
Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење
Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дека бебето родено во метрото ќе има право на бесплатен превоз во француската престолнина до својата 25 година.
Од компанијата наведоа дека бебето било родено вчера во метро во центарот на Париз и поради тоа за краток период бил прекинат сообраќајот.
Спасувачките екипи се погрижиле за мајката и детето и ги пренеле во најблиската...
СП 2018: Белгија рутински ја совлада Панама
Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.
Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.
Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен...
Металург и следната сезона ќе настапува во ЛШ
Македонскиот ракометен вицешампион Металург повторно доби вајлд-карта и ќе настапува во Лигата на шампионите (ЛШ).
Извршната комисија на ЕХФ на денешниот состанок во Глазгов одлучи дека Металург ги задоволува потребните критериуми и му додели вајлд-карта.
Клубот од Автокоманда ќе настапува во групите со условно понизок квалитет Ц и Д, заедно со Адемар Леон, Спортинг, Елверум, Бешикташ, Вакер Тун, Чеховски медведи, Динамо...
Основачот на ВестЏет и ЏетБлу ќе основа нова нискобуџетна авиокомпанија
Дејвид Нилман, основачот на авиокомпаниите ВестЏет и ЏетБлу, најави дека планира да отвори нова нискобуџетна авионска компанија.
Нилман рече дека во компанијата, за која се очекува да биде наречена Мокси, ќе вложи 100 милиони долари и дека ќе почне со 60 летала од типот Бомбардиер ЦС300.
Меѓу инвеститорите е и поранешниот директор на Ер Канада Роберт Милтон.
Шилегов се сретна со регионални новинари за промоција на туризмот
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска се сретна со новинари од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и од Црна Гора кои следат туризам и се на информативно патување во нашава земја.
Патувањето за новинарите од регионот го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија.
Новинарите денеска ќе имаат можност да посетат повеќе културно-историски знаменитости во...
Димитров: Политичкиот фокус на ЕУ на регионот да не биде маргинален
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија истакна дека политичкиот фокус на Европската унија на нашиот регион не треба да биде маргинален имајќи предвид дека тој е опкружен со земји-членки на ЕУ.
- Ова е регион кој географски не е на маргините на ЕУ, туку остров опкружен со земји членки на ЕУ. Самото тоа е доволен аргумент дека...
Ѕанакопулос: Договорот не може да влијае врз соседите да се самоопределуваат како Македонци
Според самите соседи и според тоа како се самоопределуваат, велат дека се Македонци, на ист начин како што велат дека се Македонци Грците во Македонија, 51 отсто од географската област Македонија што и припаѓа на Грција, објаснува портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во однос на тоа дали ние можеме или не да се нарекуваме...








































