Четворица повредени во престрелка во Малме

Четири лица се повредени во престрелка што се случи во вечерните часови во Малме, трет по големина град во Шведска, соопшти полицијата. Во краткото соопштение не е наведено каква е состојбата на ранетите. - Нема причина за загриженост на јавноста по пукањето во Малме - велат од полицијата, која не соопшти кои биле мотивите за пукањето.

Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо. Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3. - Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден...

Гугл ќе инвестира во кинескиот интернет трговски сајт JD.com

Гугл најави дека ќе вложи 500 милиони долари во кинеската компанија за интернет трговија JP.com, со што се очекува дополнително да се вжешти судирот меѓу гигантите како Амазон и Алибаба за азискиот интернет пазар. JD.com е во сопственост на кинеската социјална медиумска група Тенсенет и американскиот синџир на супермаркети Волмарт. Нивната соработка со Гугл ќе значи поголема застапеност на производите...

Кичево и околината попладнево погодени од краткотрајно невреме

Попладнево Кичево и околината беа зафатени од краткотрајно невреме проследено со силен ветер од променлив правец, пороен дожд и зачестени електрични празнења. За само дваесеттина минути невремето создаде доста проблеми, а силниот ветер кршеше гранки, корнеше стебла, и на многу угостителски објекти беа тешко оштетени тендите и чадорите. Од многу тераси по зградите и куќите, на асфалтот паднаа повеќе саксии...

Туризмот во Белгија се врати на ниво од пред исламистичките напади

Белгиските власти информираат дека бројот на странски туристи кои ја посетуваат земјата се искачил на нивото на кое беше пред исламистичките напади во 2016 година. Во текот на 2017 година имало вкупно 38,7 милиони ноќевања, што е за пет проценти повисоко од ноќевањата во 2015 година, пред нападите. Туризмот во главниот град Брисел, сепак, сè уште заостанува зад нивото од...

Трамп нареди формирање на вселенски вооружени сили

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави создавање на шести вид вооружени сили - вселенски, кои нема да се зависни од воздухопловните. - Судбината надвор од Земјата не е само прашање на национален идентитет, но и на национална безбедност - рече Трамп на состанокот на Националниот вселенски совет во Белата куќа. - Не е доволно само да имаме американско присуство во...

Продолжуваат протестите пред Собранието

Граѓани и вечерва се собираат пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата. Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот. Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот на државата, „Македонија“,...

Без струја делови од општините Карпош, Аеродром и Сопиште

Корисниците од село Бардовци во општина Карпош во вторник од 8.30 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“. Како што соопшти РЦУК, од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. бр. 1 во село Горно Соње,...

ЕУ го зголемува буџетот за вселенската програма

Европската унија предложи зголемување на буџетот за вселенската програма од 50 проценти, на 16 милијарди евра. Новиот буџет за период од 2021 до 2027 година ќе ја зајакне улогата на ЕУ во вселенските истражувања во светот, соопшти Европската комисија. Тие истражувања помагаат во управување со земјиште, урбано планирање, за оптимизирање на крајбрежниот сообраќај, набљудување на Земјата, телекомуникациите и навигацијата, како...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дека бебето родено во метрото ќе има право на бесплатен превоз во француската престолнина до својата 25 година. Од компанијата наведоа дека бебето било родено вчера во метро во центарот на Париз и поради тоа за краток период бил прекинат сообраќајот. Спасувачките екипи се погрижиле за мајката и детето и ги пренеле во најблиската...