Петта светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија
Од денеска до 21 јуни во повеќе градови низ Македонија ќе се одржува Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Битола, здужението „Чеган“ од Скопје и здруженијата на децата бегалци од дијаспората.
Подготовките почнаа во октомври минатата година, а настанот...
Двајца убиени и тројца ранети во престрелка во Малме
Две лица загинаа, а три други се ранети при престрелка што се случи синоќа во третиот по големина град во Шведска, Малме, соопшти шведската полиција, нагласувајќи дека не станува збор за тероризам.
При престрелката биле ранети пет лица, од кои едно, на возраст од 18 години, набрзо в болница им подлегнало на повредите. Утрово на здобиените повреди при престрелката им подлегнал и...
Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Титаник 3“
Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.
Претходното рочиште за „Таргет-Тврдина“ беше одложено поради незавршената екстрадициска постапка што се води пред Врховниот суд во Грција за двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Судот денеска ќе треба да се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошковски.
Во...
Договорот за името на ратификација пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне седницата на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, по скратена постапка. Очекувањата се дека ратификацијата на договорот во Собранието ќе се случи до крајот на неделата.
Пратениците на денешната седница ќе се изјаснат за потребата за донесување на законот за ратификација...
Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија
Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри на велосипед со цел да навива за репрезентацијата на Португалија на Светското првенство во Русија, но воедно да собере средства за хуманитарна организација.
- По победата на Португалија на Европското првенство во 2016 година, одлучив дека сам со велосипед ќе одам на Мундијалот во Русија. Во текот на патувањето планирам да собирам средства за...
Облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 32 степена.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Срби заболени од рак ќе тужат земји на НАТО
Првите тужби на српските граѓани заболени од карцином против земјите на НАТО поради бомбардирања со осиромашен ураниум треба да се очекуваат на крајот на септември и во октомври.
Тоа го најави денеска претседателот на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“ Свето Него. Тужбите ќе бидат поединечни, објасни тој.
На симпозиум за последиците од бомбардирањето на СР Југославија со осиромашен ураниум 1999...
Англија до победа против Тунис во судиското продолжение
Фудбалската репрезентација на Англија дојде до победа против репрезентацијата на Тунис во последните минути од натпреварот и спречи нова сензација на СП во Русија.
Поведоа Англичаните со голот на Хари Кејн во 11 минута, а изедначи саси во 35-тата минута од пенал.
Во вториот дел се играше многу претпазливо се до последните 10 минути кога Англија имаше иницијатива, а пресудниот момент...
Ѓоковиќ: На Мареј му претстои психолошка борба
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наведе дека за неговиот пријател британскиот тенисер Енди Мареј најголем проблем по враќањето на теренот ќе биде да не размислува за можноста повторно да се повреди.
Марej повторно почнува да се натпреварува на претстојниот турнир во Квинс, а Ѓоковиќ ја прифати поканата за ова натпреварување.
Двајцата тенисери лани по четвртфиналето на „Вимблдон“ заради повреди направија подолги паузи....
Четворица повредени во престрелка во Малме
Четири лица се повредени во престрелка што се случи во вечерните часови во Малме, трет по големина град во Шведска, соопшти полицијата.
Во краткото соопштение не е наведено каква е состојбата на ранетите.
- Нема причина за загриженост на јавноста по пукањето во Малме - велат од полицијата, која не соопшти кои биле мотивите за пукањето.








































