Ѕанакопулос: Договорот не може да влијае врз соседите да се самоопределуваат како Македонци

Според самите соседи и според тоа како се самоопределуваат, велат дека се Македонци, на ист начин како што велат дека се Македонци Грците во Македонија, 51 отсто од географската област Македонија што и припаѓа на Грција, објаснува портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во однос на тоа дали ние можеме или не да се нарекуваме...

Договорот за името од утре влегува во собраниска процедура

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција, по скратена постапка. Предлог-законот Владата до Собранието го доставила со европско знаменце, така што по изгласувањето на потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на Договорот, матично тело кое ќе се разгледува ќе биде Комисијата...

СП 2018: Шведска ја совлада Јужна Кореја

Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија. Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, но голманот на Јужна Кореја...

Владата со осуда на говорот на омраза и повиците за насилство

Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата. Владата во денешното соопштение наведува дека категорично, согласно овластувањата и законите ќе ја штити безбедноста на граѓаните и институциите и нема да дозволи изолирани групи со насилство да го...

МКЦК: Расте бројот на мигранти преку Балканот, потребна е помош

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти денеска дека бројот на мигранти што се движат преку Балканот е во пораст и дека им е потребна основна хуманитарна поддршка. МКЦК и Црвената полумесечина соопштија дека од почетокот на годината до сега, повеќе од 5.600 мигранти влегле во Европа преку Грција и дошле до БиХ во однос на 754 колку што се регистрирани...

Меркел има 12 дена за решавање на прашањето на пограничната контрола

Министерот за внатрешни работи на Германија и дал рок на канцеларката Ангела Меркел до крајот на јуни да го реши мигрантското прашање и пограничната контрола, јави ДПА. Германската канцеларка Ангела Меркел го прифатила барањето од министерот Хорст Зехофер за граничната контрола, јави ДПА повикувајќи се на владини извори. Зехофер го објави своето барање денеска, нагласувајќи дека ќе нареди пограничната полиција...

Значителен пад на барањата за азил во ЕУ

Во текот на 2017 година и покрај притисокот на надворешните граници, во земјите од ЕУ биле поднесени 728.470 апликации за азил, што претставува пад за 44 отсто во однос на претходната година, соопшти Европската канцеларија за прашања на азилот. Привремените бројки за 2018 до април покажуваат дека барањата за азил се стабилизирале на 50.000 апликации месечно. Канцеларијата оценува дека притисокот врз...

МВР објави видео од протестите пред Собранието

Министерството за внатрешни работи попладнево објави видео од синоќешните насилни протести пред Собранието на Република Македонија. Поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица. Во насилните протести повредени се седум полицајци, а уште 10 лица побарале лекарска помош. Истрага за синоќешните...

Македонско-хрватската комисија се активира по осум години

Во Скопје денеска се оддржа третиот состанок на Меѓувладина мешовита комисија (ММК) за спроведување на Спогодбата за заштита на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија. Македонската страна во ММК беше предводена од министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, а од хрватската страна од државниот секретар на Средишниот уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко...

УХМР: Не се очекува излевање на реките поради најавените врнежи

Најавените поројни дождови не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки, а кај помалите реки и суводолици можно е брзо зголемување на водостојот и локални излевања доколку има силни интензивни врнежи. Во градските средини доколку нестабилноста биде во форма на невреме со дожд, град и ветер можно е слевање на водата по градските улици и подвозниците. Од Управата за...