Пратениците на координации пред седицата за Договорот со Грција
Пратениците пристигнуваат во Собранието на Република Македонија каде за 11 часот е закажана 51. седница со единствена точка на дневен ред Предлог-закон за ратификација на Договорот со Грција за името.
Координациите за денешната седница започнаа уште вчера со средбата на пратеничката група на владејачката СДСМ, додека сега е во тек координацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратеници од оваа партија наведуваат дека...
Мирно и без инциденти заврши протестот пред Собрание
Мирно и без инциденти заврши протестот пред Собранието во Македонија, на кој околу 100 демонстранти го изразија своето незадоволство поради ставањето во собраниска процедура на Предлог-законот за ратификација на договорот.
Булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда сега е прооден за сообраќај.
Демонстрантите го повикаа Христијан Мицкоски да ги напушти собраниските клупи и да се приклучи на протестот. Тие не прифаќаат договор...
Kарпошани можат да пријавуваат проблеми преку мобилна апликација
Граѓаните на општината Карпош преку мобилна апликација (за Андроид и за ИОС-корисници) ќе може да комуницираат со локалната самоуправа, да пријавуваат проблеми, но и да споделуваат свои идеи и предлози од областа на заштитата на животната средина, инфраструктурата и други локални проблематики.
Општината Карпош во соработка со центарот за социјални иновации „Блинк 42 - 21“ потпиша меморандум за соработка за...
Почина проф. д-р Вулнет Палоши од Тетово
Истакнатиот професорД-р Вулнет Палоши од Тетово почина во понеделникот 18 јуни по тешко боледување, информираше неговото семејство.
Палоши е роден 1950 година во Тетово, а целиот свој профеисонален ангажман го посвети на градежништвото и инфраструктурата. Дипломирал во 1980 година на Градежниот Факултет на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2005 година се стекнува и со највисокиот стручен...
Можно е викендов Скопје да се спаси од досадните комарци
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави можно прскање против комарци овој викенд во Скопје. Во изминатиов период Скопје се задушува од инсекти. Иако постапката за јавни набавки е почната уште од 19 февруари, прскањето доцни поради процедурални причини. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува утре да завршат сите постапки со што би се отворила можноста викендов да се изврши дезинсекција на...
Насилството никогаш не ги решило конфликтите
Додека од МВР приведувањата на прексиноќешните протести ги објаснуваат со насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства, дел од јавноста е шокиран токму од насилството на полицијата
По вистинската војна помеѓу демонстрантите и полицијата што се случи пред зградата на Собранието во центарот на Скопје, прексиноќа, по потпишувањето на договорот со Грција, седумнаесет лица, од кои...
За оставање куче во хотел за миленици потребни се 100 евра
Многумина што веќе се подготвуваат да заминат на летен одмор, а не планираат да ги понесат и своите миленици, имаат главоболки каде и кому да им ги доверат. Пред да се одделат од омиленото животно си поставуваат низа прашања, како на пример дали некој од пријателите или од семејството ќе го прифати да го чува, дали ќе биде добро...
За пет години 157.000 албански државјани побарале азил во ЕУ
Во период од 2013 до 2017 година околу 157.000 државјани на Албанија побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија.
Најголем број баратели на азил од Албанија се евидентирани во 2015 година и тоа 69.000, за веќе следната година тој број да се намали на 33.000.
- Со 26.060 барања за азил во 2017 година, Албанија се наоѓа на...
Жител на Марино изрешетан во Студеничани
Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера вечерта било пријавено дека во скопското село Студеничани бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш.(28) од село Марино.
-Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А.(41) од с. Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата, информираат од МВР.
Е.Ш. со возило на Итна медицинска...
Претерано динамизирање може да ѝ штети на правната процедура
По потпишувањето на договорот на кој во неделата ставија параф министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со почетоков на неделава практично повторно се наметнуваат трки со рокови за ратификација на договорот за името, кој е поврзан со евроатлантската интеграција на Македонија. Иако...








































