„Градски Енергетски Системи АД Скопје“ ново јавно претпријатие

Со одлука на Советот на Град Скопје, се основа новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, информираат од Град Скопје. Советот во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од...

Мавраганис: Без 180 гласа за Договорот, владата ќе падне

Коалициониот партнер во грчката влада, Независни Грци, не отстапува од барањето, Договорот со Македонија, во грчкиот парламент да се ратификува со зголемено мнозинство од 180, наместо 151 пратеник. Заменик министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, од редовите на партијата на Каменос, вели дека без 180 пратеници, Независни Грци ќе се повлечат и владата ќе падне. Мавраганис, во интервју...

Сопругата на израелскиот премиер обвинета за проневера

Сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара, денеска е обвинета за проневера на државни средства, соопшти израелското Министерство за правда. Сара Нетанјаху е осомничена за злоупотреба на околу 100.000 долари од официјалните фондови за кетеринг услуги во резиденцијата на премиерот во Ерусалим, се наведува во соопштението. Израелската полиција претходно предложи да се покрене обвинение против Бенјамин Нетанјаху за два одделни случаи...

Хан преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот во Собрание

Еврокомесарот за проширување преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот за спорот со името. - Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори - напиша Хан.

Меј: Договорот и ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ

Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, денеска со писмена честитка адресирана до премиерот Зоран Заев, го честиташе постигнатиот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција, како и неговата ратификација во Собранието на Република Македонија. - Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што...

Сугарески: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови дециден беше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој одговараше на новинарски прашања по средбата со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. - Мислам дека оваа тема уште во текот на локалните избори многу беше злоупотребена. Јас немам информации дека во Македонија некој планира да гради, и уште еднаш ќе...

Силна детонација ги вознемири кумановци

Ноќеска во 45 минути по полноќ, на улица „Сава Ковачевиќ“ (зад Општата Болница) во Куманово, силна детонација ги вознемири граѓаните кои што живеат во реонот, околу болницата, но и пошироко, дури и до кумановската Сокалана која што се наоѓа на другиот дел од градот. Неофицијално дознавме дека во експлозијата настрадало возилото на познат кумановски бизнисмен и советник, кое во моментот...

Нападнат со боксови таксист од Скопје

Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош. Како што е наведено во полицискиот билтен, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека...

Наскоро нова фабрика во Кичево- најавени 800 нови вработувања

Покрај претходно изградениот капацитет од областа на автомибилската индустрија на американската компанија за воздушни перничиња КСС, сега под новото име ЏОЈСОН, во ТИРЗ Кичево, наскоро ќе почне изградбата на уште еден стопански капацитет, во кој според најавите се очекува да се вработат над 800 работници. - Во ТИРЗ Кичево, наскоро ќе започне изградбата на новата фабрика од областа на автомибилската...

Убиена позната турска пејачка во Бодрум

Во престрелка во турскиот град Бодрум, се убиен две лица, меѓу кои и познатата пејачка Хаџер Тулу. Инцидентот се случил кога четворица мажи отвориле оган во клубот Паша во центарот на градот. Тулу (40) е повредена во вкрстен оган. И покрај обидите на здравствените работници, тие не успеале да и помогнат, пренесуваат локалните медиуми. Во престрелката е убиен и сопственикот на...