Истражување: Секој трет студент во Србија сака да оди во странство

Една третина од студентите во Србија планираат да ја напуштат државата по дипломирањето, а 90 отсто имаат поддршка од родителите за таква одлука, додека 70 отсто сметаат на помош од роднини и пријатели, кои живеат во странство. Тоа го покажа анкетата за миграција на студенти, спроведена од Кабинетот на министер без ресор задолжен за демографијата и популациска политика, во соработка...

Кирил Лазаров: Тука сме сите исти без разлика од каде доаѓаме

Четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ стартуваше вчера во Охрид со традиционален пречек на 150 кампери од страна на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров. Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи. „Среќен сум што и...

Извршниот директор на Интел поднесе оставка поради врска со вработен во компанијата

Интел неочекувано објави дека главниот извршен директор и долгогодишен вработен, Брајан Крзанич, ќе се повлече од функцијата. Одлуката влегува во сила и тој ќе престане да врши било каква функција. Во официјалното соопштение се наведува дека причината за овие промени во менаџерска структура на Интел се испровоцирани од тајна врска, која Крзанич ја одржувал со друг вработен во компанијата....

СП 2018: Франција се намачи со Перу, славеше со голот на Мбапе

Репрезентацијата на Франција не импресионираше со својата игра и во вториот натпревар на Мундијалот во Русија, но си обезбеди место во осминафиналето. Овој пат „петлите“ го победија борбениот тим на Перу со 1:0 и со шест поени на табелата сигурно ќе се пласираат во елиминациската фаза. Јужноамериканците, пак, не продолжуваат понатаму по два порази досега. Килијан Мбапе го реализираше единствениот гол...

Франција не попушта, се противи Македонија да добие датум за преговори со ЕУ

Продолжуваат расправите помеѓу земјите членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, каде Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција. Во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би...

СП 2018: Селекторот на Австралија разочаран по ремито со Данска

Австралија требаше да победи на натпреварот против Данска, изјави селекторот на „кенгурите“ Берт ван Марвијк. Холандскиот стратег изрази жалење за изгубените два бода, кои можеа да помогнат на неговата репрезентација да продолжи напред на светскиот шампионат во Русија. - Чувствувам дека требаше да победиме. Нешто слично видовме и во натпреварот со Франција. Разочаран сум, но сум горд со претставувањето на тимот....

Шестгодишно дете починало при пад од тераса во Струга

Шестгодишно девојче од Струга денеска починало при пад од тераса на улицата „ЈНА“, соопшти СВР Охрид. Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски информира дека денеска во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга телефонски биле известени од ЈЗУ Општа болница за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година. По добивање на информацијата, според него, формирана...

Ромео и Јулија во седум осмини

Диригентот и композитор Трајко Прокопиев е еден од основоположниците на македонската национална музика, првиот директор на Музичкото училиште во Скопје, долгогодишен директор на „Танец“, основач на воениот хор, еден од основачите на Македонската филхармонија. Автор е на повеќе композиции, меѓу кои најпопуларна, а и историски најзначајна е „Лабин и Дојрана“ - првиот македонски целовечерен балет. Темата на балетот е...

Коѕијас: Посакувам Договорот од Преспа да е светол пример за решавање на проблемите во регионот

Посакувам договорот од Преспа да се имплементира и да биде светол пример за решавање на проблемите во нашиот регион, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на почетокот на Конференцијата за стабилност и безбедност на Родос. Тој истакна дека со постигнатиот компромис во Преспа двете страни покажале дека „никој не може да го презира другиот и никој не...

Речиси половина Американци сметаат дека ќе им се влошат односите со сојузниците

Речиси половина државјани на САД анкетирани во испитувањето на јавното мислење, кое заедно го објавија АП и Центарот за истражување на националното мислење, се изјасниле дека следната година ќе дојде до влошување на односите меѓу САД и традиционалните сојузници на Вашингтон. Такво мислење имаат 46 отсто Американци, додека само 20 отсто сметаат дека односите со традиционалните сојузници на САД, како...