Отворено „Скопско лето“
Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“ и познатата израелска флејтистка Зер Авив, вечерва во Македонската филхармонија е отворен фестивалот „Скопско лето 2018“.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со концертот се одбележуваат 70 години независност на Израел.
Публиката ја поздрави...
Федерер запиша 18-та победа по ред на трева
Лидерот на светската АТП листа Роџер Федерер (Швајцарија) се пласираше во четвртфиналето на турнирот на трева во Хале (Германија) со награден фонд 1.98 милиони евра.
Бранителот на титулата постигна тешка победа над Беноа Пер (Франција) со 6:3, 3:6, 7:6 (7) за речиси два часа игра и запиша 18-та последователна победа на трева, откако неговата серија започна токму во германскиот...
Трамп: Почна целосната денуклеаризација на Корејскиот полуостров
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денеска дека е во тек уништување на четири големи локации за изведување на нуклеарни проби во Северна Кореја и оцени дека „процесот на целосна денуклеаризирање веќе почнал да се одвива".
- Тие престанаа да испраќаат ракети, вклучувајќи ги и балистичките ракети. Тие го уништуваат нивниот полигон за тестирање на ракетни мотори. Тие...
Хрватска ја демолираше Аргентина за осминафинале на СП
Фудбалската репрезентација на Хрватска вечерва ја надигра и убедливо ја совлада репрезентацијата на Аргентина со 3:0, во рамки на второто коло од квалификациите по групи на Мундијалот во Русија.
Хрватите одиграа одличен натпревар, а првиот гол го постигна Анте Ребич во 53 минута по голема грешка на аргентинскиот голман Карбаљо.
На 2:0 зголеми Лука Модриќ со прекрасен удар од 20-сеттина метри...
Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за децата-имигранти во САД
Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари во Младинскиот центар за правата на децата-имигранти.
- По некое време нашите деца ќе нѐ прашаат дали тоа е вистина, дали нашата земја навистина ги раздвојува децата од родителите и ги става во имигрантски центри. И кога ќе им одговориме дека тоа навистина е така, тие ќе нѐ прашаат што сме направиле ние...
Над еден милион гледачи го гледале во живо Мундијалот во Русија
Вкупниот број на гледачи кои досега ги следеле фудбалските натпревари во живо во Русија помина еден милион, соопштија од ФИФА.
Седумцифрениот број фанови на стадионите беше постигнат за време на средбата меѓу Данска и Австралија, која заврши на 1:1 на стадионот во Самара.
ФИФА, исто така, објави дека до овој момент, просечната посетеност на натпреварите е 97 отсто.
Продолжен притворот на шефот на Амнести интернешнал во Турција
Турскиот суд денеска одлучи да му го продолжи притворот на локалниот претставник на Амнести интернешнал, соопшти меѓународната организација за човекови права.
Според пресудата, Танер Килич ќе остане зад решетки, а следното рочиште за случајот ќе биде во ноември.
Танер Килич се наоѓа во притвор веќе една година. Тој беше уапсен на 6 јуни 2017 година под обвинение за поврзаност...
Франција против предлогот на ЕК за намалување на буџетот за земјоделството
Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека нема да го прифати предлогот на Европската комисија за намалување на буџетот за заедничката земјоделска политика.
-Ова што го предложи Европската Комисија е неприфатливо и нема да биде прифатено. Неприфатливо затоа што со тоа на некој начин им се вели на земјоделците во Европа дека цената за Брегзит ќе ја платите само вие -...
Познатиот археолог Захи Хавас го посети Стоби
Светски познатиот археолог Захи Хавас попладнево ги посети археолошкиот локалитет Стоби и неготинскиот музеј, во рамки на неговата посета на регионот, по повод празнувањето на 24 јуни, Денот на балканските Египќани.
Бил министер за антиквитети во Египет во 2011 година. Тој е амбасадор на културата на Обединетите нации. Неговиот лик и дело биле инспирација при пишувањето на сценариото...
Грција и Албанија пред договор за морската граница
Шефовите на албанската и на грчката дипломатија, Дитмир Бушати и Никос Коѕијас се пред усогласување на конечниот текст на договорот за надминување на отворените прашања меѓу двете земји.
Според албанските медиуми, Бушати и Коѕијас,тоа ќе го направат на островот Родос, на маргините на одржувањето на Конференцијата за регионална безбедност и стабилност.
Во текстот на договорот, како што...








































