Постигнат договор за грчкиот долг
Министрите за финансии на евро зоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма.
- Имаме договор со Грција- изјави синоќа неименуван европски претставник по шестчасовната средба во Луксембург на министрите за финансии од евро зоната.
Согласно договорот европските кредитори ќе и доделат на Грција 15 милиони евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за...
Девет сообраќајки во изминатото деноноќие
Две тешко и осум лесно повредени лица е билансот од вкупно евидентираните девет сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие.
Како што информира СВР, со поголема брзина од дозволената се движеле 43, под дејство на алкохол возеле осум, а со истечена дозвола биле 16.
Пајак службата, пак, подигнала 66 возила.
С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер Лајф
Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер Лајф.
С-ПЛАН е одлична комбинација на ненаменски потрошувачки кредит и полиса за мешовито животно осигурување, која им овозможува на...
Нови рочишта за „Титаник 3“ и „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Насилство во општина Центар“.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.
Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја...
„Квин симфони шоу“ во Градскиот парк во Скопје
Концерт „Квин симфони шоу“ на кој ќе настапи познатиот „Квин ријал трибјут“ бенд од Србија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет ќе се одржи вечер во 21 часот во Градскиот парк во Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на прес-конференција рече дека во соработка со Младинскиот култура центар и Македонската филхармонија продолжуваат...
Трамп: Мора да имаме многу цврста политика
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Вашингтон мора да ја задржи „поцврстата политика“ за да го спречи влегувањето на милиони луѓе во САД.
- Мораме да имаме многу цврста политика. Инаку ќе имаме милиони и милиони луѓе кои влегуваат во нашата земја. Тоа не можеме да го дозволиме. Немаме избор,-истакна Трамп.
Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на Трамп ќе...
Претставничкиот дом на САД треба да гласа за Законот за имиграција
Претставничкиот дом на САД денеска треба да гласа по Законот за имиграција, со кој се има за цел да стави крај на практиката на американските власти да ги разделуваат семејствата, кои илегално влегле на територијата на САД.
Гласањето првично требаше да се одржи вчера, но беше одложено за денеска.
Републиканците во Претставничкиот дом беа поделени меѓу два подготвени од нив закони...
Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
Сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за појава на сите град.
Кон крајот на денот почне да дува умерен до засилен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 34...
Мицкоски: Референдумот мора да биде обврзувачки и демократски
Потпишаниот договор со Грција е капитулантски чин со кој е прифатен ултиматумот на Грција и сто проценти од нивните барања. Тој ја обврзува само Македонија, а не и Грција. Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски. Ако биде незадолжителен, партијата нема да го признае како волја на народот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски.
Тој во интервју...
Повторно протест против договорот за името пред македонското Собрание
Група граѓани и вечерва одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името.
Тие ја повторија поддршката за претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот, што беше донесен во средата.
За нив договорот е штетен и спротивен на македонските државни интереси. Тие повикуваат...








































