Иран забрани увоз на 1.300 производи за да го стабилизира ријалот

Иран воведе забрана за увоз на над 1.300 производи, со цел да ја заштити економијата од најавените нови санкции на САД, и да спречи натамошно паѓање на својата валута - ријалот. Меѓу производите што се забранети за увоз се голем број електрични уреди, текстилни и кожни производи, странски мебел и лекови, како и некои машини. Целта на иранските власти е...

УХМР: Нема опасност од излевање на реките

Водостоите на реките се под просекот или околу просекот за овој период од годината и најавените врнежи од дожд не би требало да предизвикаат излевање. Од Управата за хидрометеоролошки работи во најновиот извештај за ходролошката состојба информираат дека најавите за нови врнежи не би требало да претставуваат проблем за истекувањето, но доколку овие врнежи се јават во краток временски рок,...

Братско дружење на шаховските легенди Димче и Борче Илиевски

Успешно се реализира манифестацијата „Братска средба на Димче и Борче Илиевски-македонски шаховски легенди“ во организација на македонското здружение за култура и обичаи „Гороцвет“ од Скопје, во соработка со Македонски железници. Оваа маршрута која почна од Скопје, а заврши во Битола, беше исполнета со богата содржина и одбележување на неколку јубилеи - 65 години од првите почетоци на шахистот Димче Илиевски,...

СП 2018: Џака, Шаќири и Лихтштајнер парично казнети за „двоглавиот орел“

Фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер нема да бидат отстранети од натпреварите на Светското првенство во фудбал, туку само ќе бидат парично казнети, објавија од ФИФА. Дисциплинската комисија при ФИФА отвори дело поради начинот на славење на погодоци во натпреварот со Србија (2:1) на Шаќири и Џака. Тогаш двајцата се радуваа на головите, имитирајќи го двоглавиот...

Двајца загинати и 17 повредени мигранти во сообраќајката кај Радовиш

Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип во близина на рудникот Бучим. Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од...

Се презакажува прскањето против комарци во Охрид поради најавите за дожд

Се презакажува најавената дезинсекција против комарци од утре за наредните денови, поради најавите за дожд и ветер. Центарот за јавно здравје од Охрид информира дека најавената дезинсекција од земја ќе се реализира во среда, четврток и петок во периодот од 20 до 6 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со прскањето ќе бидат опфатени територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани,...

Повредени 12 странски државјани во сообраќајка кај Радовиш

Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка. Од Штипската клиничка болница потврдија дека се примени 12 повредени од сообраќајката и се прегледани од хирург и ортопед. Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев изјави дека по извршените прегледи и добиени снимки ќе се утврди кои од повредените ќе бидат задржани на болничко лекување. Како што...

Захариева: Никој не е против европската перспектива на Западен Балкан, прашањето е кога, а не дали

Бугарија утре пред Советот на ЕУ ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети да започнат преговори за влез во Европската Унија. Позицијата на Македонија е посилна од онаа на Албанија, истакна денеска вицепремиерката на Бугарија Екатерина Захариева.  Како што пренесе БТА, Захариева посочила дека повеќето земји членки го поддржуваат ставот веднаш да биде упатена поканата за почеток на преговори,...

Манчевски: Формирање на нова регионална академија за кибер безбедност

Формирање на нова регионална академија за кибер безбедност со седиште во Скопје, предложи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за време на сесијата посветена на официјалниот старт на Дигиталната агенда за Западен Балкан на Дигиталното собрание 2018, што денеска и утре се одржува во Софија. - Ова е нешто што го разговаравме и може да ги зголеми капацитеите...

Се одржа петтиот Мултикултурен ден во Кичево

Во присуство на голем број гости и граѓани на Кичево, во Центарот за култура во овој град, се одржа петтиот Мултикултурен ден. Најпрво во холот од Центарот за култура беа претставени носии од сите националности кои живеат во оваа општина, така присутните можеа да ги видат македонската, албанската, турската, ромската, влашката и српската носија, со сите особености кои ги...