Европратениците гласаа за „нуклеарната опција“ против Унгарија
Европратениците од комисијата за правда и слободи на Европскиот Парламент со 37 гласа „за“ и 19 „против“ гласаа за активирање на членот 7 од Лисабонската повелба против Унгарија.
Членот 7, попознат како „нуклеарната опција“ на ЕУ, предвидува суспендирање на правото на глас на една земја членка во ЕУ. Доколку овој член се активира, прво и се испраќа предупредувања на засегнатата...
Падна снег на планина во Словенија
На планинскиот врв Кредарица во Словенија утрово падна снег. Иако календарски стаса летото, температурите на Балканскиот Полуостров се пониски од вообичаено за овој период на годината.
Објектите кои се наоѓаат на врвот Кредарица кој е на 2.515 метри надморска височина се во целост под снег.
Највисока температура на Кредарица е измерена на 27 јули 1983 година и изнесувала 21,6 степени, а...
На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска
Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април.
Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.
Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата...
ЕУ наложи санкции за претставници на Венецуела и Мјанмар
Европската унија одлучи да воведе нови санкции против власта во Венецуела како одговор на бројните неправилности констатирани на априлските претседателски избори, на кои победи Николас Мадуро.
Санкциите се воведуваат за 11 претставници на Венецуела, вклучително и за Делси Родригез, потпретседателка на Венецуела, како и еден министер и еден висок претставник на Националниот изборен совет, се прецизира во соопштението на Советот...
Роналдо и Реал Мадрид се уште без договор
Меѓу раководството на Реал Мадрид и Кристијано Роналдо продолжува да има сериозни финансиски разлики и двете страни не можат да постигнат договор за продолжување на соработката со португалскиот фудбалер.
Роналдо е категоричен во својата желба да добие плата од преку 30 милиони евра, но во исто време Реал Мадрид не е подготвен да му ја обезбеди.
Португалецот веќе е четврти по...
Жерновски: Очекуваме засилена поддршка од САД и ефектуирање на поканата за членство во НАТО
Задоволство од континуираниот и конструктивен билатерален политички дијалог меѓу Република Македонија и САД, базиран на традиционалното пријателство и стратегиското партнерство меѓу двете земји, изразиле на денешната средба заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.
Како што соопшти МНР, заменик министерот Жерновски подвлекол дека Владата останува трајно посветена на заложбите за стабилност, мир...
По победата на Ердоган, ЕК повика на продолжување на партнерските односи
Европската комисија денеска изрази надеж дека Турција ќе остане посветен партнер и по вчерашната победа на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори.
- Се надеваме дека под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција ќе остане посветен партнер на Европската унија во главните подрачја кои се од взаемен интерес, како што се миграција, безбедност, регионална стабилност и борба против тероризмот,...
Судењето за „Монструм“ продолжува на 5 јули
Со гледање аудио и видео снимка во судница од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд заврши денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето ќе продолжи на 5-ти и 11 јули кога ќе биде сослушан загрозениот сведок.
Иако изложеното во аудио и видео...
Лавров ќе се сретне со американскиот советник за национална безбедност
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се состане в среда во Москва со советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон.
Руски официјални лица претходно денеска наведоа оти се надеваат дека со Болтон во текот на неговата посета на Москва ќе можат да разговараат и за Сирија, изјави заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.
Државниот секретар на САД...
ДЗС: Во април 66,7 проценти од потрошената струја од домашно производство
Бруто-домашното производство на електрична енергија во април годинава учествува со 66,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 91,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во Македонија во април годинава се потрошени 539.955 МWh електрична енергија, 6.391 милиони нормални метри кубни природен...





































