Одбројување до одлуката на Советот на ЕУ за преговорите со Македонија
Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија.
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, вчера, ден пред клучниот состанок на ЕУ-министрите, повторно ги повика земјите членки да го наградат како што оцени импресивниот напредок на Македонија, наведувајќи го...
Гватемала побара помош од САД за мигрантите заради ерупции на вулканот Фуего
Гватемалските мигранти во САД треба да добијат привремена заштита од депортација поради неодамнешните ерупции на вулканот Фуего, побараа официјални претставници на Гватемала.
Претседателот Џими Моралес напиша на Твитер дека го повикал Министерството за надворешни работи да побара од САД привремена заштита на мигрантите од Гватемала.
- Барањето се должи на несреќата со вулканот Фуего- изјави портпаролка на Министерството за надворешни работи.
Фуего...
Армиски Летен кампус на АП „Криволак“
Во Центарот за обука „Пепелиште“ на армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе започне деветтиот „Летен кампус 2018“ на кој ќе учествуваат 116 питомци од 11 земји од кои поголемиот дел членки на НАТО.
Овој меѓународен проект, кој за отворен ќе го прогласи заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, има за цел да ја доближи комплексноста на идните предизвици во...
Хан: Македонија треба да биде наградена од ЕУ, во спротивно ризикува нестабилност
Македонија треба да биде наградена од ЕУ за напредокот и за договорот со Грција со кој се става крај на 27-годишниот спор за името. Ако не добие награда на конкретен начин тоа ќе има огромен негативен ефект за целиот регион, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во пресрет на денешниот министерски состанок и самитот на лидерите...
Променливо облачно време со повремен локален дожд
Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе преовладува и денеска во Македонија. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 15 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје, слично време со повремен локален...
Повредени двајца полицајци во Арачиново
Двајца полицајци попладнево се повредени во село Арачиново откако се обиделе да легитимираат две лица барани со потерница.
Како што соопшти вечертва МВР инцидентот се случил околу 17 часот на ул. 1 во Арачиново кога полицајците запреле „Голф“ во кое се превезувале две лица О.М. (33) и Г.М. (20), кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна. Во моментот...
Сијарто: ЕУ да не го одложува проширувањето
Европската унија треба да го забрза проширувањето и да ги вклучи земјите од Западен Балкан, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
- Треба да ја прошириме ЕУ што е можно побрзо, што е можно поскоро изјави Сијарто во лондонскиот тинк-тенк Чатам хаус, истакнувајќи дека не треба процесот да трае цели седум години.
- Сакаме да видиме на ЕУ 28,...
Две бази во Тексас наменети за притворени мигранти
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп избра две воени бази во Тексас за сместување на мигранти кои се наоѓаат во притвор по илегалното преминување на границата, соопштија функционери од Министерството за одбрана.
Станува збор за базата Форт Блис и воздухопловната база Гудфелов, велат официјалните лица, кои побарале да останат анонимни.
Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис вчера изјави дека се избрани...
ЕУ: Албанија не е условена со бегалски кампови
Амбасадорската на Европската унија во Албанија Романа Влахутин изјави дека изградбата на кампови за бегалци нема да биде и не е услов за почеток на преговори на Албанија со ЕУ.
Таа посочи дека единствен услов кој може да биде се доброто управување и подобрувањето на состојбата во Албанија.
На новинарско прашање околу скептичните земји, евроамбасадорката рече дека конечната одлука ја имаат...
Ципрас побарал од Ердоган да се ослободат грчките војници
Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за да му честита за победата на вчерашните избори, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, станало збор и за двајцата грчки војници кои од март се во затвор во турскиот град Одрин, откако поради лошите временски услови залутале и...





































