ЕУ се уште без одлука за старт на преговори

Франција и Холандија продолжуваат да се противат за старт на преговори во овој момент со Македонија. Париз и Амстердам, во страв дека било каков почеток на преговори со нови земји кандидати би имало негативен ефект врз нивната домашна јавност, би сакале стартот на преговори со Скопје и Тирана да се одложи до после европските избори на пролет 2019, велат...

„Пензионер плус“ одбележува 10 години постоење

Весникот „Пензионер плус“ и веб-страницата на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ) одбележуваат 10 години од излегувањето. По овој јубилеен повод, на 26 јуни ќе се одржи свечена седница. „Пензионер плус“ се печати веќе десет години и е бесплатен весник, кој го издава Сојузот на здруженија на пензионери. Иницијатор за негово основање и печатење е претседателот на...

Иванов тврди дека не блокира назначување амбасадори, се залага за професионални кадри

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантира тврдењата на Дипломатскиот клуб Скопје за блокада на назначување шефови на дипломатско-конзулрните претставништва на Македонија. - За сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно...

Се подобрува водоснабдувањето во Виница

Во општина Виница во тек се градежни активности што ги реализира комуналното претпријатие „Солидарност“ за да обезбеди дополнителни количини вода за пиење за дел од жителите на градот и населените места. Покрај постојните извори за јавната водоводна мрежа, при крај е поврзувањето на изворот Дончово Кладенче со што во текот на летниот период ќе се избегне недостигот од вода во...

Фаворит е оној што ќе си ја заврши зададената домашна задача

Франција е единствената земја што се противи на Македонија месецов да ѝ се одреди датум за почеток на преговорите. Во обид да се убеди Франција, во неделата реагираше и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој побара од Париз да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ Европската иднина на балканските земји неделава е главна тема...

Во судницата пуштени 30-ина „бомби“ за „Траекторија“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во периодот јануари 2013 година. Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот министер за транспорт и врски...

Влада: Одлуката на Иванов очекувана, продолжуваме со имплементација на договорот за името

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот. - Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе ги...

Индија е најопасна држава во светот за жените

Индија е најопасната држава за жените, со висок ризик од сексуално насилство и подложност на ропски труд. Ова го покажа истражувањето на експерти од цел свет, кое беше објавено денеска. На второ и трето место во светот се Авганистан и Сирија, се наведува во истражувањето на Фондацијата „Томсон-Ројтерс",  во кое учествуваа  околу 550 експерти за проблемите на жените. На четврто и...

Отстранети дивите тезги на тротоари и тревници низ Скопје

Градот Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и МВР, како и со асистенција на ЈП „Улици и патишта“ за утовар, денеска спроведе акција за отстранување нелегални продавачи на улицата „Брадфордска“ во Козле, кај мостот „Влајко“ во Влае и на булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром. Во рамките на оваа акција беа запленети над 10 тони стока, која по...

Серија мистериозни смртни случаи во Велика Британија – за две недели најдени 10 тела под ист гребен

По пронаоѓањето на уште три тела, британската полиција соопшти дека 10 луѓе страдале за само две недели кај гребенот Бичи Хед во Кент, пишува „Дејли мејл“. Минатата недела беа пронајдени седум тела, а меѓу нив и оние на мајка и син, додека вчера беа пронајдени телата на уште тројца мажи. - Утрото во 9:50 часот по локално време полицијата доби пријава...