Омбудсманот спроведува истражување за децата на малолетничките од домовите
Народниот правобранител спроведува посебно истражување каде завршуваат децата на малолетничките од домовите кои се пораѓаат на Гинекологија, најави денеска заменик наародниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.
- Истражувањето е во фаза на изработка и ќе биде јавно презентирано. Покрај прибирањето на податоците од надлежните јавни здравствени установи кадешто се вршат гинеколошки прегледи, породување или прекинување на бременоста, истовремено тимот од Одделението за...
Премиерот Заев упати писмо до премиерите на земјите членки на ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати писма до премиерите на земјите членки на Европската Унија во кое ги повикува своите колеги да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Република Македонија со Европската унија со временска рамка на процесот, како одлука заснована на заслуги, и како одлука која е одамна заслужена.
Премиерот Заев во писмото ги...
Отворена постапка за постапувањето на полицијата на протестите пред Собранието
Народниот правобранител отвори постапка и будно ги следи настаните за постапувањето на полицијата на протестите пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за името, информира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.
- Веќе во два случаја имаме поднесени претставки од граѓани и непосредно од заинтересирано лице кое се почувствувало повредено, во кои се укажува на наводи за користење, односно...
Издадена наредба за пронаоѓање на возачот во сообраќајката кај Радовиш
Основното јавно обвинителство од Радовиш издаде наредба за преземање дејствија за пронаоѓање на возачот кој вчера избега по сообраќајната незгода во која загинаа двајца мигранти, а повеќемина беа повредени.
Издадена е и наредба за наредба за сообраќајно–техничко вештачење на возилото, обдукција на двете починати лица, како и наредба за идентификација на останатите мигранти.
- При увидот фиксирани се пронајдените траги, местото...
Отфрлена тужбата против нафтени компании за влошeната клима во САД
Судија од американската сојузна држава Калифорнија денеска отфрли тужба што градовите Сан Франциско и Оукленд ја покренаа против петте најкрупни нафтени компании поради нивна одговорност во глобалното затоплување, објави телевизијата „Еј-би-си“.
Тужбата е покрената против американските нафтени гиганти „Шеврон“, Ексон Мобил“ и „Коноко Филипс“ како и против британско-холандската „Шел“ и британската „Би Пи“.
Во неа се вели дека тие корпорации...
Анагностопулу: Договорот меѓу Грција и Македонија ќе биде целосно реализиран
Договорот меѓу Грција и Македонија ќе биде целосно реализиран. Со спречувањето за влез на Поранешната југословенска Република Македонија во ЕУ се минира договорот, изјави пратеничката на СИРИЗА во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Атанасиа Анагностопулу.
- Јас сум сигурна дека договорот ќе биде реализиран, бидејќи верувам, дека двата народа од Грција и ПЈРМ добро сфатија дека овие дваесет...
Заев: Очекуваме зголемен број инвестиции од Австрија
Премиерот Зоран Заев денеска во Виена ги повика австриските бизнисмени да ја унапредат економската соработка со Македонија, која, како што оцени, развива добра економска клима, очекува отворање на евроаталантските интеграции и стана атрактивна држава за инвестици.
Заев, кој ја почна официјалната посета на Австрија со состанок во Австриската Федерална Стопанска Комора, посочи дека договорот со Грција го затвора билатералното...
Пендаровски: Грција вети дека нема да не блокира во НАТО и ЕУ
Критериумот за влез на Македонија во НАТО од 2008 година до денес е решавањето на спорот со Грција. Сега треба да се ориентираме кон тоа што Грција ќе каже во своето писмо испратено до Алијансата, отколку на формулациите кои ги употребува генералниот секретар на НАТО.
Ова денеска го изјави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски коментирајќи ја изјавата на Јенс Столтенберг...
Зголемен интерес за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања
Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот што аплицира, да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари. Минатата година за оваа владина мерка имало 1.100 апликации
Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над 1.900 на огласот од втори април до 31 мај годинава.
Како што истакна министерот...
Продолжува вртоглавиот пад во градежништвото
Заради запирање на овој погубен тренд во еден од најважните сектори за економијата на секоја држава, од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија апелираат до надлежните институции во идниот период да се најдат решенија со кои ќе се зајакне поддршката на градежните фирми што се препознатливи по својот квалитет и имаат стекнато референции да работат и вршат...






































