Туск предлага ЕУ да се надева на најдобро во односите со САД, но да се подготви за најлошото
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди денеска дека ЕУ може да се надева на најдобриот договор со САД, но треба да се подготви за најлошото.
Изјавата доаѓа во пресрет на претстојниот дводневен состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ.
И покрај нашите неуморни напори за зачувување на единството на Западот, трансатлантските односи се поставени пред голем испит поради...
Турција обвини дека ЕУ има неправеден и нечесен однос кон земјата
Турција повторно ја обвини ЕУ за неправеден однос кон земјата, се наведува во денешното соопштение на турското Министерство за надворешни работи.
- ЕУ уште еднаш демонстрира неправеден и нечесен однос кон Турција. Изјавите дека нашата земја се оддалечува од ЕУ се лицемерни и не се соодветни на ситуацијата - се додава во текстот.
Советот на ЕУ вчера констатира дека преговорите кои...
МФ: ЕУ ја поздрави подобрената фискална транспарентност
Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија го поздравува видливото подобрување во управувањето со јавните финансии и фискалната транспарентност, соопшти Министерството за финансии.
На состанокот донесена е одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.
- Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на...
Нови 762 дивоградби во Македонија минатата година
На територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување (18,1 процент), 122 доградби, надградби и адаптации (16 проценти), 78 деловни објекти (10,2 проценти). Нелегално биле изградени и 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила (1,3 проценти), 15 тераси, 24 летни тераси,...
Симпсонови го предвидеа финалето на Светското првенство?
Љубителите на фудбалот од Мексико и од Португалија веруваат дека нивните репрезентации ќе играат во финалето на Светското првенство во Русија, поради епизода од популарната анимирана серија „Симпсонови“, пренесува британски „Дејли мејл“.
Оптимизмот на навивачите се должи на епизода од 1997 година, во која жителите на Спрингфилд се повикуваат да го следат мечот „што ќе одлучи која нација е најдобра...
„Волстрит журнал“: Франција и Холандија бараат реформи, па почеток на преговорите со Македонија
ЕУ додели датум за почеток на преговори за членство со Македонија идната година, но, предупреди дека земјата треба да исполни интензивни домашни реформи за сериозен почеток на преговорите, објавува „Волстрит журнал“.
Изданието укажува дека одлуката за условен старт на преговорите била донесенa после 10 часа дискусија на министрите за надвореши работи на земјите членки во Луксембург.
- Исцрпувачките дискусии на министрите...
ЕК: Почнуваат подготовките за преговори со Македонија и Албанија
Европската Комисија ја информираше јавноста дека по вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за условен старт на преговори со Македонија и Албанија, ќе започнат подговотовките за тие преговори.
- ЕК сега ја зпочнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, особено во областа на судството,...
Повеќе од 30 нови вработувања во ФЕНИ Индустри
Во ФЕНИ Индустри во тек е вработување на повеќе од 30 лица. Се бараат инженери, електричари, механичари, ракувачи на градежни машини, оператори, техничари и други струки.
Од компанијата информираат дека заради потребите на ГСОЛ/ Еуроникел, комбинатот ги проширува своите капацитети што наметнува потреба од зголемување на бројот на вработени и дополнителен ангажман на работна сила и покрај тоа што технички...
Италијански министер се сомнева дека ЕУ ќе постои догодина
Европската унија се соочува со егзистенцијална криза и може да се распадне за една година, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, јави ДПА.
Во интервју за германското списание „Шпигел" Салвини рече дека Самитот на ЕУ кој неделава ќе се одржи во Брисел, а каде главна тема ќе бидат споровите околу миграцијата и буџетот, ќе покаже...
Земјотрес регистриран на грчкиот остров Лезбос
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер беше регистриран денеска кај грчкиот остров Лезбос.
Институтот за геодинамика на атинската Национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 251 километар североисточно од Атина, на островот Лезбос.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени во понеделникот беше регистриран и на Пелопонез.






































