Количините смет – летен проблем за комуналната хигиена во Тетово

Се наметнува прашањето дали количините смет повторно летово ќе бидат проблем за тетовци, поради зачестеното собирање на отпад на претоварната станица. Се повторува сликата од мај кога големи количини смет се забележуваа во дворот на новата претоварна станица. Градоналачничката Теута Арифи вели дека таму работите за компресирање и носење на сметот во депонијата Дрисла се одвиваат редовно. Според неа периодични...

Лицата со инвалидност имаат потреба од помасовни спортско-рекреативни активности

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет (МПОК) ги промовираше заклучоците од проектот „Променете го начинот на размислување-Спорт за сите“, во рамките на Ерасмус спортската програма на Европската Унија (ЕУ). Проектот има за цел е да се промовира потребата од спорт и телесна активност за лицата со ивалидност како здрав начин на...

Негативен прираст во пет региони во Македонија, лани родени над 21 илјада деца

Во Република Македонија во минатата година бројот на живородени деца изнесува 21.754 од кои 59 проценти или 12.841 се во градските подрачја, а 41 процент или 8.913 се во селските подрачја, објави Државниот завод за статистика. Најголемо учество, во однос на вкупнот број раѓања по региони, има Скопскиот со 35,6 отсто, а најмало Источниот регион со 6,7 отсто. Просечната возраст...

„Берета“ заинтересирана за српските фабрики за оружје

Италијанскиот производител на оружје „Берета“ е заинтересиран за соработката со српската одбранбена индустрија, особено со компаниите „Застава оружје“ и „Први партизан“, пишува денеска „Вечерње новости“. Како што наведува весникот, „Берета“ може да биде првиот странски партнер кој ќе инвестира во српските воени фабрики, според новиот Закон за производство и промет на оружје. Министерството за одбрана наведува дека е неопходно да се привлече...

Германија наскоро ќе ги признае македонските возачки дозволи

Владата на Република Македонија очекува наскоро да биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, откако на вчерашната седница беше усвоена Информација за ова прашање. - По интензивна комуникација меѓу двете министерства во мај оваа година се изврши усогласување на...

Норвешка на Самитот на НАТО ќе поддржи покана за Македонија

Норвешка силно го поддржува членството на Македонија во НАТО, а потврда за недвосмислената поддршка е и одлуката со која норвешката влада ја поддржа поканата за Македонија за членство во НАТО, истакнаа денеска министрите за одбрана на Македонија и Норвешка, Радмила Шекеринска и Франк Баке-Јенсен, на средбата во Осло. Како што соопштија од Министерството за одбрана, на средбата министрите заклучија дека...

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018" во Краљево, за ставот на Србија во врска со...

Македонката Наташа Костовска се искачи на Мон Блан

Наташа Костовска, членка на планинарскиот клуб ВАК Анапурна од Скопје, пред неколку дена успеа да се искачи на највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан (4.808 метри) на Алпите. Претходно, во рамките на истата експедиција, Костовска се искачи и на врвот Гран Парадизо (4.061 метар) во Италија заедно со уште една македонска планинарка, Даница Стојановска. Костовска била дел од мешаната 13-...

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. - Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред почетокот на својот говор на...

Полициска акција во угостителски објекти во Гостиварско, приведени 15 танчерки

Седум танчерки биле приведени ноќеска во полициска акција во гостиварското село Добридол, информира полицијата. Според истиот извор, при акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, сопственост на Б.Р.(25) од истото село, биле затекнати седум женски лица (танчерки), а од нив четири биле странски и три државјанки на Република Македонија. Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една...