Медали за најдобрите математичари
На Машинскиот факултет денеска беа доделени медали на сите учесници од овогодинешните Олимпијади по математика. Од областа на математиката ова е единствен настан во Република Македонија.
Одлични резултати по математика оваа година македонските ученици покажаа на: Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО), Македонска Математичка Олимпијада (ММО), Медитеранска Математичка Олимпијада (МЕМО), Азиско- Пацифичка Математичка Олимпијада (AПMO), Европски Математички Куп (ЕМК) и Финансиска...
Организацијата за забрана на хемиско оружје со поголеми овластувања
Земјите членки на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска изгласаа значителчно зголемување на своите овластувања, всушност не само да констатира хемиски напад, туку и да ги посочи сторителите.
Досега ОПЦВ немаше можност да каже кој е одговорен за некој хемиски напад.
Предлогот за проширување на овластувањата е од Велика Британија.
- Со денешната одлука ОПЦВ не само што ќе може...
Осуден Канаѓанец кој има 24 жени и 149 деца
Врховниот суд во канадската покраина Британска Колумбија осуди двајца мажи за полигамија, едниот затоа што бил во брак со 24 жени, а другиот поради тоа што живеел во заедница со пет жени.
Винстон Блекмор успеал да се ожени со 24 жени, за што добил 6 месеци казна, домашен притвор и 150 часа општествено корисна работа. Тој од куќата смеел да...
Лев по елиминацијата: Разочарувањето е големо
Германскиот селектор, Јоаким Лев по елиминацијата на тимот од Светското првенство во Русија, изјави дека разочарувањето е големо, но мора да се прифати резултатот и да продолжат понатаму.
- Разочарувањето е големо и тишината во соблекувалната е убиствена. Никој не вели ништо. Сепак, мора да прифатиме што се случи, затоа што не заслуживме да продолжиме понатаму. Ние направивме се што...
Хан: Верувам во успешен референдум
Верувам во успешен референдум и претпоставувам дека ќе добиете покана од НАТО на следниот самит, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Топ тема на телевизија Телма.
Според Хан, со одлуката донесена вчера, јасно е дека преговорите ќе стартуваат, но Македонија, почнувајќи од денес, за една година мора да има некакви реформи.
- Ова е јасна задача, перспектива и голема...
Косовската полиција се мобилизира за прославата на Видовден
Косовската полиција информира дека ги презела сите потребни мерки по повод утрешното одбележување на православниот празник Видовден, една од најголемите верски слави на Србите, пренесе МИА.
Полицијата објави дека ги зајакнала безбедносните мерки за да обезбеди ред, мир и сигурност пред, за време и по манифестациите кои традиционално се одржуваат од страна на косовските Срби.
- Со цел да гарантираме слобода...
Официјално: УЕФА го исфрли Милан од европските турнири
УЕФА наметна сериозна казна на Милан поради непочитување на финансискиот ферплеј. На италијанскиот гигант му е забрането учество на европски турнири во период од една година.
Казната ќе го лиши Милан од сериозен профит од настапите во Европа, што може да нанесе голема штета на клубот во наредните години.
Сепак, на одлуката може да се поднесе жалба до Спорниот арбитражен суд во...
Косово му забрани на српскиот министер Вулин да учествува на прославата на Видовден
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, доби забрана од косовските власти да присуствува на прославата на големиот српски православен празник Видовден во Газиместан, пренесе МИА.
Веста за порталот kallxo.com. ја потврди министерот за надворешни работи на Косово, Бехџет Пацоли.
Запрашан во врска со официјалните претставници од Србија кои побарале дозвола да влезат на косовска територија за утрешната манифестација, Пацоли рече...
Торнадо во Канзас, прогласена вонредна состојба
Во американската сојузна држава Канзас е прогласена вонредна состојба поради торнадото што го погоди градот Јурека, при што се повредени осум лица.
Торнадото оштети едно средно училиште, неколку куќи и канцеларии, а околу 2.400 луѓе се погодени од невремето. За загрозеното население обезбедени се прифатилишта во црквите во градот.
Јурека се наоѓа на околу 100 километери источно од Вичите, кој е...
Пожар во трговски центар во Москва
Околу 3.000 луѓе се евакуирани поради пожар што изби тргоговскиот центар „Атриум“ во центарот на Москва. Во меѓувреме огнот е изгаснат.
Пожарот изби на кровот и зафати површина од 10 метри квадратни. Се претпоставува дека причината за огнот е грејач под кровната конструкција.
Пожарникарите и понатаму се во трговскиот центар. Според првичните информации нема повредени лица.
На 25 март во трговски центар...






































