Нови рочишта за „Титаник 3“ и „Трезор“
Нови рочишта во Кривичниот суд денеска ќе се одржат за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.
Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме...
Второ пријавување за упис во средните училишта
Во јавните средни училишта во кои останаа слободни места, денеска ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2018/2019 година.
По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24.086 места, од кои за гимназиско образование 6.068 и...
Датумот за преговори поттик за реформите
Македонија да го искористи добивањето условена препорака како охрабрување и поттик за натамошно спроведување на реформите, порачуваат европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан, а слична порака вчера упати и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
И еврокомесарот за проширување Јоханес Хан укажа на потребата од продолжување на реформите, посебно во делот на владеењето на правото и слободата на медиумите.
Европската комисија, пак, соопшти...
Дожд и температури до 22 степени
Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен, северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 12 до 22 степена. УВ-индексот ќе изнесува четири.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе...
Рикардо: Треба да ја донесам втората најважна одлука во мојот живот
Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо сака неговиот следен договор со тим од Формула 1 да биде со соодветна сума за неговите квалитети. Австралиецот верува дека, влегувајќи во својата осма година во мотоспортот, тој заслужил посериозна плата и однос кон него.
По Големата награда на Франција, пилотот рече дека очекува разговорите меѓу него и Ред Бул да станат сериозни. Желбата...
Федерер прв носител на „Вимблдон“
Како што се очекуваше, Роџер Федерер е ставен под бр.1 на Вимблдон, а Рафаел Надал е втор носител, иако Шпанецот е лидер во светската АТП листа.
Како што е познато, „Вимблдон“ е единствениот Гренд слем турнир во кој носителите не се определуваат само на база на позиција на ранг-листата.
Кај мажите особено 32-та носители се дефинираат токму од листата на АТП,...
Мета повика на одговорност и соработка, партиите со меѓусебни обвинувања
Албанскиот претседател Илир Мета, реагираше по одлуката за одложување на почетокот на преговорите со ЕУ за јуни следната година, повикувајќи ги сите политички партии на концентрација, одговорност и соработка, за да го положат, како што изјави, испитот следниот јуни.
Тој додаде дека се добредојдени вчерашните заклучоци на Советот на ЕУ околу преговорите за членство на Албанија.
- Сите ние треба да...
Трамп: Средбата со Путин најверојатно ќе биде во Хелсинки
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека средбата со рускиот колега Владимир Путин најверојатно ќе се одржи во главниот град на Финска, Хелсинки.
Тој додаде дека средбата ќе биде по Самитот на НАТО во Брисел, што ќе се одржи на 11 и 12 јули.
Трамп посочи дека со Путин ќе разговараат за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.
Претходно, советникот...
Мирен протест против Договорот за името пред Собранието
Група граѓани и вечерва мирно протестираа пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за решавање на спорот со името.
Учесниците на протестот повикаа на одбрана на уставното име и истакнаа дека Договорот е против македонските државни интереси.
Договорот е штетен и спротивен на Уставот и затоа треба да биде отфрлен, а најавениот референдум треба да се бојкотира, порачаа граѓаните од импровизираната...
Медали за најдобрите математичари
На Машинскиот факултет денеска беа доделени медали на сите учесници од овогодинешните Олимпијади по математика. Од областа на математиката ова е единствен настан во Република Македонија.
Одлични резултати по математика оваа година македонските ученици покажаа на: Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО), Македонска Математичка Олимпијада (ММО), Медитеранска Математичка Олимпијада (МЕМО), Азиско- Пацифичка Математичка Олимпијада (AПMO), Европски Математички Куп (ЕМК) и Финансиска...






































