ОН со повик до ЕУ за решение на мигрантската криза во Медитеранот

Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграции (МОМ) ја повикаа Европската унија да најде заедничко решение и нов пристап за мигранската криза во Средоземното Море. Двете агенции на светската организација се обратија до земјите-членки на ЕУ да се договорат за заеднички мерки кои „драстично ќе намалат неразумна загуба на човечки животи во морето". -Во изминатите 10 дена...

Сообраќајот по една лента на првиот тунел кај Демир Капија

Поради работни активности на тунелот 1 - Демир Капија од десна страна, на правецот Скопје-Гевгелија, во периодот од 10 до 11 часот претпладне, сообраќајот на патот ќе се одвива по левата коловозна лента. Во тек на работните активности, ќе биде намалена и брзината на движење на 40 километри на час, соопшти Автомотосојузот на Македонија пренесувајќи информација од контролниот центар Неготино.

Модернизација на млекопроизводството во Пелагонија

Лактофризери, роло-балирачка, миксер за сточна храна и бокс за кастрење копита на крави - дел од оваа нова, современа опрема ќе биде достапна за околу 50 фарми во Пелагонија со цел унапредување и модернизација на млекопроизводството. Опремата ја набави Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со компаниите „Здравје Радово“, „Екошар“, „Сано“ и „Маранчо“, а ќе биде...

Нови рочишта за „Титаник 3“ и „Трезор“

Нови рочишта во Кривичниот суд денеска ќе се одржат за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“. Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“. Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме...

Второ пријавување за упис во средните училишта

Во јавните средни училишта во кои останаа слободни места, денеска ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2018/2019 година. По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24.086 места, од кои за гимназиско образование 6.068 и...

Датумот за преговори поттик за реформите

Македонија да го искористи добивањето условена препорака како охрабрување и поттик за натамошно спроведување на реформите, порачуваат европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан, а слична порака вчера упати и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. И еврокомесарот за проширување Јоханес Хан укажа на потребата од продолжување на реформите, посебно во делот на владеењето на правото и слободата на медиумите. Европската комисија, пак, соопшти...

Дожд и температури до 22 степени

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен, северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 12 до 22 степена. УВ-индексот ќе изнесува четири. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе...

Рикардо: Треба да ја донесам втората најважна одлука во мојот живот

Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо сака неговиот следен договор со тим од Формула 1 да биде со соодветна сума за неговите квалитети. Австралиецот верува дека, влегувајќи во својата осма година во мотоспортот, тој заслужил посериозна плата и однос кон него. По Големата награда на Франција, пилотот рече дека очекува разговорите меѓу него и Ред Бул да станат сериозни. Желбата...

Федерер прв носител на „Вимблдон“

Како што се очекуваше, Роџер Федерер е ставен под бр.1 на Вимблдон, а Рафаел Надал е втор носител, иако Шпанецот е лидер во светската АТП листа. Како што е познато, „Вимблдон“ е единствениот Гренд слем турнир во кој носителите не се определуваат само на база на позиција на ранг-листата. Кај мажите особено 32-та носители се дефинираат токму од листата на АТП,...

Мета повика на одговорност и соработка, партиите со меѓусебни обвинувања

Албанскиот претседател Илир Мета, реагираше по одлуката за одложување на почетокот на преговорите со ЕУ за јуни следната година, повикувајќи ги сите политички партии на концентрација, одговорност и соработка, за да го положат, како што изјави, испитот следниот јуни. Тој додаде дека се добредојдени вчерашните заклучоци на Советот на ЕУ околу преговорите за членство на Албанија.  - Сите ние треба да...