Романите на Павловски во дигиталната едиција „Киндл букс“
Глобалната дигитална едиција „Киндл букс“ на англиски јазик деновиве е збогатена со 12 романи на македонскиот писател Божин Павловски. Тоа се дела што освоиле високи меѓународни и домашни признанија: „Градинар, Пустина“, „Рогот на љубовта“, „Сенка во името“, „Зима во лето“, „Америка, Америка“, „Убавицата и Мародерот“, „Египетска сонувалка“ и др. Дигиталната верзија на романите, проследенa со извадоци од светската критика,...
Голем копродукциски проект – „Буре барут“ на Дуковски во Босна
Во Босанско народно позориште во Зеница, БиХ, е завршена првата фаза од големиот копродукциски проект „Буре барут“ на Дејан Дуковски помеѓу продуцентската куќа „Скопје филм студио“, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница. Проектот е резултат на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на РМ и Министерството за цивилни работни на Босна и Херцеговина за периодот...
Коѕијас: Мнозинството пратеници во грчкиот Парламент ќе го ратификуваат Договорот
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, денеска изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент од мнозинството пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.
- Нема шанси да не се изгласа во Парламентот - рече Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“, повторувајќи го неговиот став од декември минатата година дека ќе постои мнозинство пратеници,...
Сугарески: Не даваме државна помош, субвенционираме авиокомпании
Повикот за доделување финансиска поддршка за авиокомпании за нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, што беше објавен денеска, не се однесува на државна помош, туку е субвенционирање, смета министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
- Не станува збор за државна помош, туку за субвенционирање. Министерството за транспорт и врски се обрати до Комисијата за заштита на конкуренцијата...
Британскиот кинематографер Роџер Дикинс добитник на „Златна камера 300“ за животно дело
Британскиот оскаровец Роџер Дикинс, кинематографер на култни филмови како „Бегство од Шошенк“, „Фарго“, „Човекот кој не беше таму“, „Нема земја за стари луѓе“... и познат по соработката со браќата Коен, е лауреатот на „Златна камера 300“ за животно дело на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој од 22-ри до 29 септември ќе се одржува во Битола.
Одлуката...
Професионални убијци или недолжни жртви на измама го извеле атентатот на Ким Јонг-нам?
Двете жени од југоисточна Азија осомничени за убиството Ким Јонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, се обучени убијци кои употребиле сила за да го нанесат отровниот нервен агенс Ве-Икс врз неговото лице, тврди обвинителството на судењето во Малезија, пренесуваат американските медиуми.
Од друга страна, жените порачуваат оти биле измамени од севернокорејски агенти, за да помислат дека изведуваат безопасна шега...
Тројца загинати во експлозија во куќа во Бремен
Три лица загинаа во силна експлозија, која речиси уништи еден блок од станови во германскиот град Бремен, информираат службите за итни случаи.
Телата на 41-годишна жена и нејзиниот седумгодишен син биле пронајдени во урнатините. Експлозијата се случила во 4:30 часот по локално време, соопшти полицијата.
Во пожарот настрада и седумдесетгодишна жена од соседната куќа.
- Експлозијата беше толку моќна што ги...
Рохани: Ќе ги клекнеме САД на колена
Иран нема да попушти пред притисоците и ќе ги реши сите проблеми без да го жртвува својот национален дигнитет и слобода, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
Тој во телевизиското обраќање наведе дека Иран никогаш нема да се предаде пред Америка, но „САД ќе ги клекне на колена“.
- Мораме да му покажеме на светот дека ќе ги надминеме проблемите и...
На Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство
Судечкиот совет со кој претседава судијката Џенета Бектовиќ на денешното рочиште за случајот „Трезор“ донесе решение на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, со оглед дека Врховниот суд во Атина донел одлука против екстрадиција на обвинетиот и со истата е прекинат неговиот притвор и е пуштен на слобода. Во контекст на тоа Судот го зема во...
Тешка сообраќајна несреќа во тетовско, повредени две лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во село Орашје, тетовско.
Од МВР информираат дека вчера околу 12.40 часот било пријавено дека пред влезот во село Орашје - тетовско, дошло до судар помеѓу патничко возило „Форд транзит“ со тетовски регистарски таблици, управувано од З.М. (59) од Старо Село-тетовско и патничко возило „Нисан“ со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Х. (55) од...






































