Кривична за охриѓанец за напад на невенчаната сопруга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид.
Тој, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сторил на 25 април оваа година на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид.
- Движејќи се зад невенчаната сопруга и упатувајќи и сериозни закани по...
Заев: Сојузот со НАТО ќе обезбеди сигурна иднина и економска благосостојба
- Да кажеме да на нашиот сојуз кој ќе обезбеди сигурна иднина, безбедност и економска благосостојба. Искуствата и стратегиските документи покажуваат дека земјите во НАТО се силни промотори на економскиот раст. Со таа мисла да ги пречекаме идните денови. Голема благодарност до нашите сојузници, што се подготвени да ја примат нашата земја како 30-та членка на НАТО - кажа...
Свети Павле и компромисот за името
Да се употребат името и делото на свети Павле како аргумент плус во рамките на расправите со Грција во врска со името на државата и како уште еден обид да се докаже некому и некаде дека Македонија е библиска земја и дека Македонците се библиски народ, беше приод, кој уште од почетокот не профункционира и не носи некој ефект...
Горбачов: Состанокот Путин – Трамп би можел да биде историски
Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов смета дека следниот состанок на американскиот претседател со рускиот претседател би можел да биде историски настан.
Горбачов смета дека ако Владимир Путин и Доналд Трамп направат чекори за соработка, нивниот состанок би можел да остане запишан во историјата како голем момент.
Тој додаде дека Хелсинки, главниот град на Финска, е одлично место за таков состанок.
Горбачов се...
„Вози, Мишко!“ во јавниот градски превоз
Ако во култниот српски филм „Ко то тамо пева“, дотраениот автобус на фирмата „Крстиќ и син“ е симбол на распаѓањето на еден систем и начин на живеење, на почетокот на Втората светска војна во Белград, прашањето што се наметнува е што би можел да симболизира јавниот превоз во Скопје
Тешко на оние што во Скопје мораат да користат јавен градски...
Во Бразил формирана коалиција против лажни информации
Група од 24 медиуми во Бразил, меѓу кои и АФП, се здружија против лажни вести што ги преплавија интернет и социјалните мрежи пред претседателските избори закажани за октомври во таа најголема земја во Јужна Америка.
Групата наречена „Компрова" (на португалски „Да се докаже") ќе ги проверува информациите и гласините на интернет, и во неа ќе бидат и големите бразилски медиуми,...
Ципрас: Прогресивните сили од двете земји ги надминаа разликите
Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од...
Маргинализираниот Матис следен на списокот за напуштање на Белата куќа
Џејмс Матис го зaгубил влијанието во администрацијата на Трамп и неговата иднина како секретар за одбрана на САД сега е во прашање, oбјави Гардијан повикувајќи се на изјави од поранешни административни функционери и аналитичари.
Можната смена ги загрижува сојузниците „со кои работеше напорно за да ги разубеди во едностраните акции на Трамп и потценувајќи забелешки, ветувајќи солидарност и соработка", наведува...
САД ја поздравуваат одлуката на ЕУ за пристапни преговори со Македонија
Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција.
Во соопштението за МИА од Стејт департментот се наведува дека планот на ЕУ зависи од натамошниот прогрес во одредени области.
- Одлуката на Советот ги...
Во новиот Европски парламент ќе има 705 пратеници
Во следниот состав на Европскиот паламент што ќе биде избран во мај 2019 година ќе има 705 пратеници. Тоа ќе се случи поради напуштањето на ЕУ на Велика Британија. Во сегашниот состав на ЕП има 751 пратеник.
Според новата согласност одобрена од лидерите на ЕУ, 27 места од 73 испразнети по Брегзит ќе бидат прераспределини на 14 држави земји–членки по...







































