Меј: Сакам договор за Брегзит кој ќе биде добар и за Велика Британија и за ЕУ

Британската премиерка Тереза Мај денеска изјави дека сака договор за Брегзит, кој ќе биде добар и за Обединетото Кралство и за Европската унија, вклучувајќи ја „силната и длабока" соработка за безбедноста. Во изјавата по завршувањето на преговорите помеѓу лидерите на ЕУ посветени главно на миграцијата, Меј рече дека сака да го забрза темпото на преговорите за Брегзит, откако Лондон ја...

Куклена претстава „Тоби“ и концерт вечер на „Скопско лето“

На „Скопско лето“ вечер од 19 часот е  изведбата на куклената претстава „Тоби“ на Театарот за деца и младинци, по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација  и режија на Драгослав Тодоровиќ од Белград. Претставата премиерно беше изведена во април, а по повод поставувањето режисерот Тодоровиќ изјави дека текстот е интересен за најмалите, но и за адолесцентите бидејќи тие се најнезадоволни...

Ново рочиште за „Топлик“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. На претходното рочиште обвинителите на СЈО ги причитаа 608-те материјални докази во врска со предметот. Судијата Осман Шабани го прекина рочиштето...

(Во живо) Заев – Столтенберг во Брисел во очекување на поканата за НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска е во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Средбата се одржува на десеттина дена пред Самитот на Алијансата во Брисел од кој Македонија очекува да и биде упатена официјална покана за членство во НАТО. Заев пред денешната средба со Столтенберг изјави дека очекува да биде информиран дека на Самитот на Алијансата на...

Европскиот совет со поддршка за почеток на преговори со Македонија

Европскиот совет ја поддржа одлуката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија.  Шефовите на држави и влади од државите од Европската уинија го подржуваат и поздравуваат договорот меѓу Атина и Скопје за името на Макеоднија. Тоа, како и договорот меѓу Македонија и Бугарија дава добар пример за останатите во регионот да засилат добрососедски односи, се наведува во заклучоците од...

Од недела стабилизaција на времето

Времето во Македонија ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.  Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 28 степени.  УВ-индексот ќе изнесува 6.  Во Скопје потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се...

Ахмети: Албанците никогаш не биле проблем во спорот за името

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека Албанците не биле спомнати во Договорот за спорот со името бидејќи никогаш не биле проблем во спорот. - Албанците биле активен дел кој придонел за решавање на овој спор, да не бидеме заложници на овој нерешен спор...ова прашање беше спор меѓу нашите македонски сограѓани и грчката страна и јавно се познати реакциите...

Русинка спасена откако поминала 14 часа во море

Руска туристка е спасена по 14 часа поминати во море, откако вчера морските струи ја однеле во близина на градот Ретимно на Крит. Таа успеала да се задржи на површината со помош на душек на надувување и била спасена од брод на европската гранична полиција Фронтекс. Жената вчера попладне заминала на плажа, а откако не се вратила вечерта сопругот и нејзината...

Пукотници во новинска редакција, 6 лица загинаа над 20 се повредени (видео)

Најмалку шест лица загинаа, а над 20 се повредени откако едно лице отвори оган во новинската редакција на весникот „Капитал“, во Анаполис, Мериленд, јавија американските медиуми. Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговара на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените. „Д Балтимор Сан“, кој го поседува весникот од Анаполис, потврди...

Средба Заев-Бериша на маргините на Кран Монтана

Македонскиот премиер Зоран Заев, на маргините на Форумот Кран Монтана, остварил средба со поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша. Бериша на својот профил на фејсбук објави фотографија и вест за средбата со македонскиот премиер. Во разговорот двајцата размениле мислења околу актуелните настани во двете земји, а Бериша му честитал на Заев за, како што вели, значајните одлуки кои ги носи...