НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија
По конфузијата која владееше во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги појасни чекорите денеска по средбата со премиерот Зоран Заев. Успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство.
На претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12...
Релито „Дакар“ е пред ново откажување?
Познатото рели се вози од 1979 година, само со една година пауза, во 2008 година, по што од Африка се пресели во Ј. Америка
Еден од најпознатите авто-мото настани во светот, релито „Дакар“, е под знак прашалник, затоа што единствениот организатор што остана, Перу, има големи финансиски проблеми.
Домаќини на 41-то издание на релито во јануари 2019 година требаше да бидат...
САД се повлекуваат до Сеул по повеќе од 70 години
САД официјално ги повлекуваат своите војници од јужнокорејскиот град Сеул по 70 години присуство во тој град.
Командниот центар на САД ќе се повлече подалеку од границата со Северна Кореја, и денеска ќе биде одржана церемонија за отворање нов команден центар, јужно од Сеул.
Американските војници беа стационирани во Сеул од 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна.
Военото присуство на...
Георгиевски во борба за шестиот медал за Македонија
Европскиот првак во таеквондо стигна во полуфиналето на Медитеранските игри во
Тарагона и синоќа се бореше за влез во финалето. Ракометарките, пак, го совладаа Египет и денеска во полуфиналето ќе играат со Шпанија
Зоран Михајлов
специјално од Тарагона за „Нова Македонија“
Македонија го освои шестиот медал на Медитеранските игри во Тарагона. Европскиот првак во таеквондо од Софија, Дејан Георгиевски во категорија до 80...
Германија околу 20-то место, но Франција е „шампион-рекордер“
Репрезентацијата на Германија ќе го забележи својот убедливо најслаб пласман на светските фудбалски првенства, бидејќи со трите бода и четвртото место во групата Ф на Мундијалот во Русија нема да може да биде подобра од 20-то место. Досега најслаб пласман на Германија на мундијалите е 10-то место на Светското првенство (СП) во 1938 година.
Откако светските првенства се играат со...
Германија елиминирана, следува ново вртење страница?
Светскиот првак од 2014-та, првпат по 80 години уште по првата фаза го завршува настапот на СП. На Германците ретко им се случуваат вакви дебакли, но тие секогаш извлекувале поуки и наоѓале начини како да се вратат на врвот. Работата со младите категории во Германија е на далеку позната, па за очекување е дека Германците наскоро ќе свртат нова...
Дипломатски спорови: Што остана да се реши на Балканот
Договорот за името на Македонија не ги покрива сите нерешени прашања на Балканот - границите продолжуваат да бидат голем проблем, пишува Би-Би-Си Њуз.
Годината 2018 може да биде впишана „со златни букви" во поновата историја на Балканот. Тоа е година, која може да донесе решение на два меѓународни спора, кои се појавија како последица од распаѓањето на Југославија.
Договорот меѓу Скопје...
Најпрецизен документарец за Александар Меквин
Досега, неговиот лик и дело се овековечени во еден мјузикл, две биографии и во
еден игран филм
Се чини дека жанрот документарен филм е измислен за да се раскажат неверојатните животни приказни, баш како што е приказната на британскиот моден креатор Александар Меквин, кој во 2010 година изврши самоубиство на 40 години.
Впрочем, нема некој што би ги демонстрирал дивата природа и...
Танцот на шаманите
Шаманизмот е заштитен со уставот на Монголија од 1992 година, откако беше забранет 70 години во времето на комунизмот.
На фотографиите е прикажана церемонијата со која се одбележува летната рамноденица, надвор од главниот град Улан Батор.
Шаманизмот опфаќа традиционални верувања и пракси што ја вклучуваат способноста да се дијагнозира и лечи. Одредени култури веруваат дека шаманите се способни да го контролираат...
Рајан Гослинг во улога на Нил Армстронг
Излезе трејлерот од новото остварување на Демијан Шазел, режисерот на филмот „Ла ла ленд“. Станува збор за „Прв човек“, биографска приказна за астронаутот Нил Армстронг и неговата подготовка за патувањето на Месечината.
Рајан Гослинг е избран да го глуми Нил Армстронг во филмот што се заснова на авторизираната биографија, под наслов „Прв човек: животот на Лин А. Армстронг“.
Освен што оваа...







































