Германците ги враќаат билетите
Најголем дел од германските навивачи кои допатуваа на Светското првенство во Русија ги враќаат билетите. Ова се должи на елиминацијата на нивната репрезентација уште по групната фаза.
Летовите од Москва до германските градови овој викенд се пренатрупани. Избраниците на Јоаким Лев не изборија пласман во осминафиналето, па Германците се враќаат дома.
Билетите вратени од страна на германските навивачи ќе бидат ставени...
Силен земјотрес во близина на Мексико
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала, го погоди тихоокеанскиот брег на Мексико, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 88 километри западно-југозападно од крајбрежниот град Сиуатлана, во мексиканската сојузна држава Халиско, на длабочина од 10 киломери под површина на земјата.
Да не се заборави… Човекот
Сеќавање: прим. д-р Љубинко (Љупчо) Трпеноски
(1952 – 2017)
На 1 јули оваа година се навршува една година откако со нас не е истакнатиот лекар, специјалист-нефролог, основоположник на македонската дијализа и пионер во ширењето на свеста за трансплантација на органи (посебно бубрези), основоположник на здружението НЕФРОН, прим. д-р Љубинко Трпеноски-Љупчо. Сите што го познаваа, а особено неговите пациенти, знаеја дека...
„Патување со Големата мајка“ – изложба на ликовни творби од деца
Во Музеј на Град Скопје денеска во рамки на „Скопско лето“ ќе биде отворена изложбата „Патување со Големата мајка“ - ликовни творби на петгодишни деца од градинката „Детска радост“.
Нивните дела се резултат на запознавањето со археолошката поставка во Музејот на Град Скопје која им овозможила да патуваат низ времето и да дознаат како артфекатот од теракота од пред новата...
Меѓу ребра и меѓу редови
Да не ви ги измешав лончињата? Баш ми е гајле! Ви реков јас дека таму кај што царува Безумноста, веднаш ѝ се придружуваат Гротеската, Бурлеската и Перверзијата. Сега слободно земете ги тие измешани лончиња со розови слончиња и наполнете ги со доматниот сос со кој министерот го мачкаше голото тело на Унијата, додајте во нив од медиумската нафта на...
Поплави ширум Србија, евакуација во некои делови од земјата
Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград.
Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја. Едно лице е полесно повредено во невремето.
Сообраќајот...
Истече рокот за комплетирање барања за легализација од 2011 и 2016
Истече дополнителниот рок во кој можеше да се комплетира потребната документација за барањата за легализација на дивоградби поднесени до општините во тек на 2011 и 2016 година.
Некомплетните барања за легализација, претежно со геодетски елаборат, беа причина за воведување на новиот рок, кој завршува денеска, со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти од декември лани, а...
Вратата на НАТО отворена – влезот по исполнување на договорот со Грција
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера во Брисел на прес-конференција со премиерот Зоран Заев најави дека лидерите на Алијансата на Самитот на 11 и 12 јули ќе испратат покана до Македонија за почеток на пристапни преговори за членство во НАТО.
По различните толкувања во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, Столтенберг ги појасни чекорите за полноправно членство - успешен...
Проѕирно сценарио на ЕУ: добриот и лошиот полицаец
Тоа е она сценарио (или е остварување вистинска ролја) во кое за да се изјасни главниот лик или да постапи онака како што е предвидено, прво е заплашуван од лошиот полицаец, за потоа добриот да му понуди излез од ситуацијата. Тактиката може да се спроведува и обратно (прво добриот да нуди брегови, долини и европски фондови, па лошиот да...
Мекинро: Мареј може повторно да биде закана за ривалите
Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро смета дека Енди Мареј во следните пет години може да ги повтори најголемите успеси, доколку во целост ја санира повредата.
Британскиот тенисер речиси една година паузираше поради повредата и операцијата на колкот, а оваа сезона одигра само три натпревари.
Иако Мареј сè уште го нема потврдено неговиот настап на Вимблдон, британската јавност веќе говори за тоа...







































