Измерена највисоката ноќна температура досега во светот
Во оманскиот град Куријат неодамна е регистрирана највисоката ноќна температура во историјата, кога се измерени 42,6 степени Целзиусови.
Податокот е од 26 јуни, а станува збор за највисока температура во период од 24 часа во Куријат, кој има 50.000 жители.
И претходниот таков температурен рекорд е забележан во Оман, на аеродромот во Касаб, 600 километри од Куријат, во близина на границата...
Европа и Јужна Америка и понатаму доминираат
Во нокаут-фазата на СП во Русија се пласираа 10 европски репрезентации, четири јужноамерикански и по една од Азија и од Северна Америка. Првпат по СП 1982 во осминафиналето нема африканска селекција. ВАР го положи испитот, а на 48 натпревари беа досудени рекордни 24 пенали
Десет од 14-те европски фудбалски репрезентации, четири од петте јужноамерикански и по една од Азија и...
Телефонските разговори откриле планирани терористички напади на уапсените Косовци
Четворицата Косовци, кои беа уапсени вчера, тројца во Косово и еден во Германија, планирале терористички акции во Косово, но и во други земји, а нивните планови биле окриени по неколкумесечна истрага, која вклучувала и прислушување на нивните телефонски разговори, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание открива дека, според налогот за притвор на приштинскиот Основен...
На Водно утре ЕП во планинско трчање
На падините на Водно утре ќе се одржи 17-то Европско првенство (ЕП) во планинско трчање, во сениорска и во младинска конкуренција. На првенството, прво во Македонија од ваков вид, ќе настапат 254 натпреварувачи од 29 земји, меѓу нив и од Македонија.
Боите на Македонија ќе ги бранат Весна Кираџиева, Адријана Поп Арсова, Миљана Ристиќ, Атанас Анчевски, Александар Кирковски, Марјан Бонев,...
Вардар и Металург добија стари познаници во ЛШ
Вардар, како и лани, ќе игра со Киелце, Барселона и со Кристијанстад, но и со европскиот првак Монпелје, Мешков, Веспрем и Левен. Металург, пак, е во група со ланските противници Спортинг, Бешикташ и Чеховски М., но и со Силкеборг и со Татран
Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), Вардар и Металург, вчера со ждрепка ги добија противниците за...
Северна Кореја го зголемила производството на нуклеарно гориво
Американските разузнавачки агенции веруваат дека Северна Кореја во претходните месеци го зголемила производството на гориво за нуклеарно оружје на повеќе тајни локации и настојува тоа да го сокрие, додека истовремено бара отстапки во нуклеарните преговори со САД, објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си њуз.
Американската телевизија се повикува на изјави од петмина неименувани американски високи претставници, кои тврдат дека Пјонгјанг го интензивирал...
Кошаркарите го отворија вториот претквалификациски прозорец
Македонија загуби од Швајцарија, но продолжува во следниот претквалификациски циклус за ЕП 2021, во кој ќе игра во група со Косово и со Хрватска или со Холандија
Македонската машка кошаркарска репрезентација, и покрај поразот во последниот четврти дуел од Швајцарија во Фрибург со 79-85 (19-26, 23-21, 22-19, 15-19), се пласира во вториот квалификациски циклус (од вкупно три) за пласман на...
Хан и Могерини: Вратите на ЕУ се отворени, сега е до вас да одите напред
Патот напред е јасен. Тоj води кон вашето членство во Европската унија. За да го остварите тоа, сите политички сили ја делат одговорноста за одржување конструктивен дијалог и продолжување на аспирациите на граѓаните, особено преку реформи во владеењето на правото, безбедносните служби, јавната администрација и функционалната пазарна економија.
Ова во заедничка изјава, објавена на официјалната веб страница на ЕУ, го...
Германците ги враќаат билетите
Најголем дел од германските навивачи кои допатуваа на Светското првенство во Русија ги враќаат билетите. Ова се должи на елиминацијата на нивната репрезентација уште по групната фаза.
Летовите од Москва до германските градови овој викенд се пренатрупани. Избраниците на Јоаким Лев не изборија пласман во осминафиналето, па Германците се враќаат дома.
Билетите вратени од страна на германските навивачи ќе бидат ставени...
Силен земјотрес во близина на Мексико
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала, го погоди тихоокеанскиот брег на Мексико, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 88 километри западно-југозападно од крајбрежниот град Сиуатлана, во мексиканската сојузна држава Халиско, на длабочина од 10 киломери под површина на земјата.







































