ЕУЛЕКС потфрли во однос на организираниот криминал во Косово

Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово - ЕУЛЕКС, во минатите десет години колку што функционираше, не успеа да постигне некој напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата во земјата, смета претседателот на Уставниот суд на Косово, Енвер Пеци. Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, Пеци во интервју за весникот „Зери“ оцени дека десетгодишниот...

Лидерот на АфД: Решението за миграцијата на самитот на ЕУ е „глупост“

Лидерот на десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД) Александер Гауланд смета дека решението на самитот на ЕУ за ограничување на миграцијата е „глупост". Тој го даде овој коментар на дводневниот партиски Конгрес, кој денеска беше отворен во Аугсбург (Баварија).  Според Гауланд , договорите за самитот не вредат ништо и само го одложуваат усвојувањето на вистински решенија за надминување на миграциската криза.  -Меркел ќе...

Користењето канабис за рекреативни цели да биде право на избор, а не кривично дело

Користењето канабис за рекреативни цели треба да биде право на избор, сметаат дел од учесниците на панел дискусијата за декриминализација на канабисот, што се одржа денеска во Скопје. Пратеничката од ЛДП Јулијана Николова, во контекст на правото на избор за користење канабис за рекреативни цели,  ги спомена и можностите за купување цигари, алкохол, седативи, како неказнива активност споредено.  - Може да...

Дешам постави рекордот во францускиот национален тим

Дидие Дешам на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Аргентина по 80. пат ја предводеше француската фудбалска репрезентација и со тоа постави нов рекорд. Капитенот на „триколорите“ од Мундијалот 1998 година и ЕП 2000, репрезентацијата ја презема во 2012 година. Претходниот рекордер Рајмон Доменек селекторската функција ја вршеше 79 натпревари, трет на оваа листа е Мишел Идалго со 75 натпревари.

Вучиќ потврди: Путин доаѓа во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил поканата за посета на Белград, по повод одбележувањето на 100 годишнината од победата во Првата светска војна. Според одредени информации, Путин најверојатно ќе го посети Белград на 1 ноември.  Српскиот претседател Вучиќ, денеска при отварањето на патот во селото Долни Бањани, рече дека Србија ќе одбележува не 100...

Уапсени 16 студенти поврзани со терористичка организација

Шеснаесет странски студенти се уапсени во турскиот округ Мерсин поради обвинение за наводна поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Осомничените, од кои десет се од Сомалија, тројца од Џибути, двајца од Гвинеја и еден од Сирија, се студенти на Мерсинскиот универзитет. Други седум лица се бараат во рамки на истрагата, соопшти полицијата. Турските власти ја обвинуваат групата ФЕТО, на исламскиот проповедник Фетулах...

Меркел: Германија е подготвена да испрати повеќе полицајци да ја чуваат границата на ЕУ

Германија е подготвена да испрати дополнителни полицајци, особено во Бугарија, како дел од мерките за заштита на надворешната граница на Европската унија, јавува ДПА, повикувајќи се на писмо на канцеларката Ангела Меркел. - Ќе ги зајакнеме силите на Фронтекс, распоредени во Грција на границата со Македонија и Албанија- се вели во писмото на Меркел до раководителите на партиите од владејачката коалиција...

Вториот човек на Ватикан во посета на Србија, државниот врв изрази благодарност за непризнавање на Косово

Државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин денеска ја започна првата посета на Србија, во чии рамки оствари средби со нејзиниот државен врв. Според соопштенијата од кабинетите на претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ , на средбите од страна на државниот врв на Србија е изразена благодарност до Ватикан за принципиелниот став за непризнавањето на едностраната прогласена независност...

Кадетите ги почнаа подготовките за ЕП во Сараево

Македонската кошаркарска репрезентација денеска стартуваше со подготовките за Европското првенство (дивизија Б) за играчи до 16 години кое ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина во периодот од 9 до 18 август. Кадетските репрезентативци денес го одработија првиот тренинг, а во следните 40 дена ќе се подготвуваат за првенството - Оваа репрезентација е дел од проектот на ФИБА насловен како...

Во Визбегово нема да се гради камп за мигранти, туку населба за бездомни лица

Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееjа под Кале, а не камп за мигранти, објави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовскa на својот „Фејсбук“ профил.  ВМРО-ДПМНЕ, наведува Царовска, шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови. - Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат...