Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија
Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, пренесе МИА.
- Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста и постоечката ситуација. Но, ништо нема да предизвика губење...
Седум чешки туристи спасени во кањонот Невидио
Седум чешки туристи беа спасени минатата ноќ во кањонот Невидио, соопшти службата за спасување на Црна Гора.
- Тие ноќеска околу 20 часот останаа заглавени во кањонот, а повикот до Службата за спас го испратија преку Дирекцијата за вонредни состојби при МВР. Во акцијата учествуваа девет спасувачи - извести службата за спасување на Фејсбук.
Туристите биле без водич, помош чекале на крајот на кањонот...
Зголемен бројот на корисници на интернет, стагнација на Фејсбук
Во Македонија интернет користат 1.583.315 лица или 75,9 отсто од населението, а милион (48 проценти) се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.
Кај бројот на интернет корисници, споредено со крајот на октомври лани, има зголемување за 80.000, а нема промени кај податокот за корисници на Фејсбук.
Од земјите во регионот повеќе од...
Пренасочен сообраќајот на Водно – се одржува Европско првенство во планинско трчање
На планината Водно кај Скопје денеска ќе се одржи спортската манифестација „Европско атлетско првенство во планинско трчање“.
Најавено е учество на 250 атлетчари од 29 европски држави.
Во тек на манифестацијата, во организација на Атлетската федерација на Македонија, ќе биде пренасочен сообраќајот до Средно Водно.
Од седум до 16 часот ќе се пренасочува сообраќајот на улица „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот...
Гужва на ГП „Богородица“ и „Дојран“, се чека и по еден час
На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути.
Од дежурната служба на ГП Богородица велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Поради тоа побавно...
Евроинтеграцискиот пат во потрага по единство, одговорност и реформи
Пораки за единство и одговорност за евроинтеграциите на Македонија, за кои според Брисел, веќе е јасен патот, апели од власта за придонес и поддршка од сите политички чинители, обвинувања од опозицијата дека договорот за името е капитулантски чин, ja отсликуваaт атмосферата по неодамнешната одлука на Европската унија за датум за почнување преговори за членство на Македонија.
Вицепремиерот за европски прашања...
Сообраќајот без застои и ограничувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Макеоднија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација....
Сончево и потопло време, попладне краткотраен дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните планински делови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со изолирана појава на грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од 20 до 21 степен, а максималните ќе достигнат од 25 до 33.
Во...
Стефановиќ: Србија нема да биде тампон-зона за мигранти
Србија нема да биде тампон-зона за мигранти, а тоа не беше ниту предмет на неодамнешен состанок на лидерите на ЕУ, рече денеска српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, по повод некои толкувања за тој состанок.
Некои од земјите-членки имаат идеја оти миграциските центри треба да бидат надвор од нивните територии и дека тие треба да бидат во...
На Федерер не му треба посебна мотивација за Вимблдон
Најдобриот светски тенисер, Роџер Федерер, со нетрпение го очекува Грен слемот во Лондон. Тој се чувствува и физички и психички целосно подготвен за новиот предизвик.
-За Вимблдон не ми треба некој посебен мотив. Во случај да го изгубам мотивот за Вимблдон, тогаш сигурно имам проблем и во тој случај најдобро ќе биде да ја завршам кариерата- истакна Швајцарецот.
Федерер го освои...







































