Обид за киднапирање девојка во Чаир
Две лица се обиделе насилно да внесат 19 годишна девојка во автомобил синоќа на ул. „Индира Ганди“ во општина Чаир.
Во Полициската станица Чаир, С.Г. (19) пријавила дека синоќа во 21:30 часот додека се движела по улицата „Индира Ганди“ позади неа се движело возило во кое имало две лица. Во еден момент возилото се доближило до пријавителката и застанало и...
На велосипедист му го украле ранецот со 300.000 денари
Маж бил ограбен синоќа од две непознати лица на булеварот „Партизански одреди“.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 23:55 часот, А.Ц.(56) пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на булеварот „Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица му била извршена тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден ранец во кој имало 4.000 евра,...
Заталкан куршум паднал во касарната „Илинден“
Во касарната „Илинден“, во еден од хангарите заталкан куршум непознат калибар испукан од непознато оружје, паднал на прозорското стакло од куќарката пред хангарот и го скршил по што проектилот се заглавил во другото прозорско стакло.
Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 23 часот, а бил пријавен во 23.35 часот.
Повредени нема, а од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било...
Товарен воз удрил во автомобил оставен на пруга кај Скопје
Нема повредени лица, но е причинета материјална штета синоќа при удар на товарен воз во патничко возило оставено на пругата меѓу железничките станици Миладиновци и Илинден.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје ноќеска во 01:10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Миладиновци и железничката станица Илинден товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје Југ удрил во...
Гостин претепан во скопска дискотека – итно пренесен на Kлиникa
Во Секторот за внатрешни работи Скопје изутрина во 3.50 часот било пријавено дека во дискотека во село Марино бил претепан гостин од страна на обезбедувањето на дискотеката.
Од МВР информираат дека инцидентот се случил во 3.30 часот кога лицето М.М.(31) од страна на сопственикот на локалот бил насилно изваден од локалот, а потоа бил физички нападнат со тупаници и клоци...
Австрија од денеска го презема претседавањето со ЕУ
Австрија од денеска го презеде претседавањето со ЕУ, а прашањето за миграцијата е врвен приоритет на администрацијата на канцеларот Себастијан Курц.
Мотото на австриското претседателство е „Европа која ги штити". Ова е третпат Виена да е на раководната позиција на ЕУ.
Освен миграцијата, на листата на приоритети се и преговори за Буџетот на ЕУ и проширувањето на Унијата на Западен Балкан.
Аналитичарите проценуваат...
Николовски: Системите за наводнување со години биле запоставувани
Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот. Оваа година ќе исплатиме 12 милиони евра за водоснабдувањето, а следува и сеопфатна реорганизација, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
- Не знам како може да бидат до толку запоставени системите за наводнување...
На ГП „Богородица“ се чека до два часа
За излез од Македонија преку граничниот премин „Богородица“ времето на чекање изнесува речиси два часа, а двете страни на границата се споени со автомобили, изјавија за МИА граѓани кои се дел од долгите колони автомобили.
Претходно, од дежурната служба на ГП „Богородица“ информираа дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти,...
Ансамблот „Китка“ од Истибање најуспешен на фестивалот „Пеце Атанасовски“
Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање е добитник на Гран при нагрдата за најдобар целосен настап на годинашниов 44.фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, што заврши синоќа на Рудина кај Долнени.
Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени ја понесе гајдаџијата Кире Ризоски од селото Боротино, Прилепско. Фестивалското жири во состав на етномузиколозите Илчо Јованов од Универзитетот „Гоце...
Серена Вилијамс сака второ бебе
Американската тенисерка Серена Вилијамс многу сака да биде мајка. Тенисерката дури мисли да го остави спортот и да се концентрира на мајчинството.
Во разговор со новинарите, поранешната најдобра светска тенисерка открива дека мисли за второ бебе.
- Не сум сигурна дали сакам да играм откако се породив. Но, за почеток треба да разговарам за идејата со Алексис. Ни треба добар план...







































