САД: Маж со нож ранил 9 лица во станбен комплекс за бегалци
Полицијата на американската сојузна држава Ајдахо соопшти дека девет лица се хоспитализирани, а 30-годишен маж бил уапсен по масовно прободување, најверојатно со нож, во станбен комплекс во градот Бојзи, каде што биле сместени многу бегалски семејства.
Локална телевизиска станица „7KTVB” јави дека централната улица на градот е блокирана во должина поголема од 1,6 километри и дека полицијата не знае што...
Каменос: За името не преговараме, кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата
За името не преговараме, ние имаме јасен мандат од народот и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата, рече претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, говорејќи на состанокот на националниот совет на партијата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, актуелниот министер за одбрана на Грција, го спомена слоганот на Независни Грци на...
Во Штип одбележани 105 години од Брегалничка битка
Во Штип денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица, каде што порано имало спомен костурница, а од пред неколку години спомен обележје.
На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија и организации.
Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски во...
Ќерката на нацистот Химлер била секретарка на разузнавачката служба
Гудрун Бурвиц, ќерка на шефот на нацистичките Заштитени одреди (СС) Хајнрих Химлер кратко работела во германската разузнавачка служба, по Втората светска војна, објави „Билд".
Германски весник, повикувајќи се на историчарот Бодо Хехелхамер, објави дека Бурвиц, која го носела презимето на нејзиниот сопруг, работела во германската разузнавачка служба БНД, како секретарка од 1961 до 1963 година.
Се наведува дека тоа било во...
Комичар го намести Трамп, му се претставил како сенатор
Американскиот комичар познат како Пелтечивиот Џон се јавил во Белата куќа и се претставил дека е сенаторот Боб Менендез, демократ од Њу Џерси, а претседателот на САД, Доналд Трамп му се јавил два часа подоцна од претседателскиот авион.
Комичар, чие вистинско име е Џон Мелендез, изјави дека со претседателот разговарал околу три минути и не му кажал дека не е...
МЗШВ: 14 концесионери ќе организираат рекреативен риболов
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпиша 14 договори за доделување концесии на риби за организирање рекреативен риболов на одделни риболовни води.
- Со потпишување на договорите, рибите за организирање рекреативен риболов се доделија на концесија на избраните 14 концесионери, за наредниот период од шест години - соопшти МЗШВ.
Минималниот концесиски надоместок за организирање на рекреативен риболов изнесува најмалку десет отсто...
Русите протестираат против зголемување на старосната граница за пензија
Противниците на планираната пензиска реформа денеска протестираат низ руските градови по повикот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Руската влада минатиот месец испрати до парламентот предлог за зголемување на возраста за пензионирање на 65 години од сегашните 60 години за мажи, до 2028 година.
За жените, старосната граница за пензионирање, од сегашните 55 се зголемува на 63 години до 2034 година. Просечната пензија...
Нови протести во Солун и Атина против Договорот од Преспа
Два нови протести против Договорот од Преспа ќе се одржат попладнево во Солун и Атина.
Собирите се меѓусебно неповрзани, а како организатори се јавуваат граѓански движења кои и се малку познати на јавноста, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, во 18 часот по локално време, на протест повикаа „Движењето за национална одбраа...
Кривична пријава за охриѓанец за кражба во фабрика
Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Полицијата денеска информира дека пријавениот кривичното дело го извршил во временскиот период меѓу 22 и 23 минатиот месец во комплексот на поранешната фабрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната...
Моторџиите и градот Скопје на работна група ќе договараат регулирање на паркирањето мотори
Моторџиите и градот Скопје ќе формираат работна група за надминување на разликите околу плановите на градот за регулирање на паркирањето мотори. Ова е договорено на денешната средба меѓу градоначалникот Петре Шилегов и претставници од неколку мото клубови, кои денеска се собраа на предупредувачки протест во градскиот парк пред канцелариите на Град Скопје.
Работната група ќе биде составена од по пет...







































