На граничните премини Богородица и Дојран се чека по триесетина минути
На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од Република Македонија на Богородица е од 30 до 45 минути, додека на Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...
Трамп: Санкции за европските компании кои тргуваат со Иран
САД ќе воведат санкции за европските компании кои тргуваат со Иран, предупреди денеска американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
- Апсолутно, тоа е она што го правиме - истакна Трамп.
Тој, исто така, ја обвини Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) дека манипулира со светските нафтени пазари, барајќи веднаш да престане со тоа.
Освен тоа, Трамп во интервјуто...
Во Шведска стапува во сила закон со нова дефиниција за силување
Во Шведска денеска стапи во сила закон за согласност на сексуален контакт, со кој ќе се смета за принуда секој сексуален чин извршен без јасна согласност, дури и во случај да нема закана или појава на насилство.
Со законот се утврдува дека човекот е виновен за силување доколку извршил сексуален чин со друг човек, кој не учествувал слободно во тоа...
За да спасат жива глава возачи на албански министри бараат азил во Германија
Лидерот на албанските „Црвено црни“ и поранешен прв човек на Високиот совет за правда, Крешник Спахиу, на својот Фејсбук профил објави дека само во текот на денешниот ден во Германија пристигнале најмалку десет возачи на албански министри.
Веднаш по пристигнувањето побарале азил, со цел да си ги спасат животите.
- Во Берлин, само што пристигнаа 10 возачи на министри. Бараат азил...
Иран со нова стратегија во борбата против американските санкции
Иран ќе им дозволи на приватните компании да извезуваат нафта, како дел од стратегијата во борбата против американските санкции, изјави денеска иранскиот потпретседател Есках Џахангири.
Иран бара начини да продолжи да извезува нафта, како и други мерки во борбата против санкциите, откако САД ги повикаа сојузниците да го прекинат увозот на иранска нафта од ноември годинава.
Минатиот месец американскиот претседател Доналд...
Најмалку 18 лица загинаа во самоубиствен напад на пазар во Авганистан
Најмалку 18 лица загинаа, а 20 се повредени денеска во самоубиствен напад на пазар во авганистанскиот град Џалалабад, во провинцијата Нангархар, соопштија здравствените власти.
Според некои западни медиуми, во нападот загинале 12 луѓе.
- Некои од жртвите се припадници на малцинството Сики, кои се наоѓале во минибус, кој бил мета на нападот - изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Атаулах Хугијани,...
ЕУ ќе преговара со африканските земји за создавање мигрантски кампови
ЕУ ќе започне преговори со африканските земји околу прашањето дали се подготвени на создадат на своја територија т.н. регионални платформи за прифаќање на мигранти, изјави еврокомесарот за буџет Гунтер Јотингер.
Тој за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакна дека еден европски договор за создавање на такви центри подразбира партнерска согласност со земјите од Северна Африка, кои се наоѓаат или директно на...
Рација на МВР во 7 угостителски објекти, утврдени нерегуларности
Акциска контрола во седум угостителски објекти во Скопје извршила синоќа полицијата од страна на СВР Скопје во кординација и содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, при што легитимирани се 21 и приведени се три лица.
Контролата, како што информираат од МВР, е спроведена во временскиот период од 01:15 до 03:30 часот во...
Се реновира детската градинка „Олга Мицеска“ во Кичево
Започна реновирањето на најстарата и најголемата детска градинка во Кичево, „Олга Мицеска“. Градинката е отворена пред скоро половина век и според својот капацитет е најголема градинка во градот.
Со реновирањето на овој објект ќе се подобрат условите за престој на децата, а секако и условите за работа на вработените, под чија грижа се наоѓаат 150 деца на возраст од 9...
Од Тутунски комбинат Прилеп доброволно ќе заминат 222 вработени
Од прилепскиот Тутунски комбинат 222 вработени доброволно ќе заминат со пакет-отпремнини кои им беа понудени, соопшти денеска компанијата.
Според раководството на комбинатот, бројот на пријавени бил голем, а доброволното заминување од компанијата било спроведено во соработка со Синдикалната организација и било транспарентно. Со ова заврши и последната фаза на реорганизацијата на компанијата со што се очекува да се зголеми ефикасноста...







































