Триесет милиони денари за подобри пристапни патишта до нивите
До 15 јули општините преку Центрите за развој на регионите можат да поднесуваат проекти за полесен пристап до земјоделското земјиште и за таа намена се обезбедени 30 милиони денари, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој денеска беше во посета на Струмица.
Тој во атарот на селото Добрејци одржа прес-конференција за јавниот повик за финансирање на инвестиции...
Жерновски на „One Love Tour“ фестивалот во Софија
Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева денеска во Софија присуствуваа на фестивалот "One love tour", настан на културата и традицијата, со мисија за приближување на Македонија и Бугарија.
Фестивалот, како што информираат од МНР се одржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за надворешни...
Клеш: најдобар подрумски бенд
Денес, кога живееме во иднината, која како да ја нема, вреди да погледнеме наназад во времето, кога барем сегашноста постоеше. Годината 1976 беше нулта година за панкот, а следната година, 1977, неговата прва, истовремено и последна. Најверојатно така и требало да биде. Тоа беше време на економска, социјална и морална криза. Конечниот конфликт помеѓу генерациите беше неизбежен. Тогаш, токму...
Се одржа настанот „Млада Европа на Балканот“
Вчера во салата на „Македонски железници-инфраструктура“, универзитетот ЕСРА организира културно-уметнички хепенинг „Млада Европа на Балканот“, во чии рамки беа презентирани музички, филмски и театарски остварувања од млади творци од сите земји-кандидати за влез во ЕУ. Манифестацијата ја отворија ректорот на универзитетот, Јордан Плевнеш, и Ирфан Асани, директор на „Македонски железници“, а се обрати и амбасадорот на Франција во Македонија,...
Акција за чистење на Клиничкиот центар
Акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје денеска спроведе Градот Скопје во координација со јавните градски претпријатија.
Во рамките на акцијата, како што информираат од Град Скопје, биле чистени пешачките патеки, улиците и паркинзите, шахтите, сливниците и канализациската мрежа во рамки на комплексот и биле кастрени гранките на дрвјата и зеленилото.
Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните совесно...
Емилија Димитриевска во 10-те најдобри на „Мис туризам Евроазија“
Манекенката Емилија Димитриевска од Скопје се пласира меѓу десетте финалистки на интернационалниот избор „Мис туризам Евроазија 2018“, кој се одржа минатиот викенд во Анталија, Турција. Победи претставничката на Летонија, прва придружничка е убавицата на Кипар, а втора е убавицата на Русија. На изборот учествуваа 30 девојки од 30 држави од Европа и Азија.
Изборот се одржа во хотелот „Топкапи палас“,...
Венко Андоновски на Белградскиот фестивал на европската книжевност
Минатиот четврток, во рамките на 7-от Белградски фестивал на европската книжевност, свој едночасовен настап и разговор со книжевната критичарка Марија Ненезиќ имаше нашиот писател Венко Андоновски. Повод за гостувањето на Андоновски беше излегувањето од печат на неговиот роман „Азбука за непослушните“ на српски, во издание на „Архипелаг“.
Андоновски беше во одбрано друштво на светски познати автори, меѓу кои и големиот...
Соработка со Шведскиот национален театар
Министерот за култура Асаф Адеми во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со директорот на „Рикстеатерн“, Шведскиот национален театар, скопјанецот Дритеро Касапи.
На средбата двајцата соговорници разговараа за можностите за воспоставување соработка помеѓу театарските установи од нашата земја, со Шведскиот национален театар, која е една од најреномираните театарски куќи во Кралството Шведска. На состанокот стана збор и за...
Застрелан возачот на албанскиот министер за внатрешни работи
Во службеното возило, во гаражата на албанското Министерство за внатрешни работи, утрово е пронајден застрелан Шкелзен Ќордја (31), возач на министерот Фатмир Џафај, инаку вработен во Националната гарда.
Како што се наведува во полициското соопштение, утрово во 09:30 часот го пронашле припадници на Национална града во гаражата на Министертвото лоцирана во гарнизонот на гардата. Случајот е во надлежност на Обвинителството...
Пренасочување на сообраќајот до Средно Водно
Поради одржување на спортската манифестација Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи утре ќе има пренасочување на сообраќајот до Средно Водно.
Во периодот од 07.00 до 16.00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект...







































