Шекеринска: Никој досега ниту во ЕУ, ниту во НАТО не побарал кампови за бегалци

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека никој ниту во Европската унија, ниту во НАТО не побарал отворање бегалски кампови во Македонија. - Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најодговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, никој не го спомнал прашањето...

Пилешкото од Бразил безбедно, нема уништени или вратени пратки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Македонија. Како што соопшти, врз основа на извршените лабораториски испитувања досега не се добиени позитивни резултати, односно месото кое е пласирано на македонскиот пазар е безбедно, а годинава нема уништени или вратени пратки со пилешко месо со потекло од...

Дрон на Гринпис удри во француска нуклеарна постројка

Активисти на Гринпис соопштија дека нивен дрон удрил во француската нуклеарна постројка со цел да се докаже дека има недостатоци во безбедноста на објектот. Дронот удри во кулата во Буге, околу 30 километри од Лион. Гринпис наведува дека дронот бил безопасен, но оти постапката покажа недостиг на безбедност на нуклеарните постројки во Франција. Групата за заштита на животната средина и претходно укажуваше...

Утре без струја делови од повеќе скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Сарај и Центар. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од ул. Виктор Ивановиќ Гавриловиќ во Пржино, општина Кисела Вода, од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Орман и дел од село Волково...

До 50 проценти намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција, со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 1.7. до 30.9.2018 година. Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на апликацијата E-trading, која овозможува електронско задавање налози...

И денеска протести на вработените во „Еурокомпозит“ низ Прилеп

Вработените од прилепски „Еурокомпизит“ не само во Скопје, туку и во Прилеп денеска протестираа одејќи низ прилепските улици. На овој начин тие го изразија повторно револтот за она што се случува во фирмата. Велат дека се измамени и дека продолжува агонијата со нивната фирма. Премиерот Зоран Заев, кој беше во Прилеп, на новинарско прашање одговори дека за состојбите во прилепски...

Лев останува на чело на Германија

Јоахим Лев и официјално останува на чело на Германија. Веста беше потврдена од Германскиот фудбалски сојуз. - Имавме многу отворен и искрен дијалог во кој зборувавме за многу работи. Сите ние сме цврсто убедени дека во лицето на Јоаким Лев имаме селектор, кој многу точно може да анализира и да ги направи вистинските чекори за да го поведе нашиот тим...

Се зголемува посебниот додаток за лица со посебни потреби

Владата на денешната седница донесе одлука за зголемување на висината на правото на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон. Како што информира...

Продолжува откупот на лубениците, земјоделците незадоволни од цената и количините

По неколкудневен застој, продолжи откупот на лубениците во селото Колешино, најголемиот производител на оваа градинарска култура во Струмичко. По цена од три денари за килограм денеска се откупија околу сто тони, а до крајот на неделата откупувачот најавува преземање на околу 700 тони лубеници. Но, земјоделците не се задоволни од цената, ниту од количините што се откупуваат. Некои дури, во знак...

Заев: Членовите на ДИК ќе се утврдуваат до крајот на неделава

Верувам дека до крајот на неделата, собраниската Комисија за избори и именувања ќе ги именува членовите на Државната изборна комисија, рече премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање. - Она што го слушнав вчера, додека беа пратеничките прашања, е дека чекаме на одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги утврди своите претставници, како и ДУИ. Веројатно помалата...