Продолжува откупот на лубениците, земјоделците незадоволни од цената и количините
По неколкудневен застој, продолжи откупот на лубениците во селото Колешино, најголемиот производител на оваа градинарска култура во Струмичко.
По цена од три денари за килограм денеска се откупија околу сто тони, а до крајот на неделата откупувачот најавува преземање на околу 700 тони лубеници.
Но, земјоделците не се задоволни од цената, ниту од количините што се откупуваат. Некои дури, во знак...
Заев: Членовите на ДИК ќе се утврдуваат до крајот на неделава
Верувам дека до крајот на неделата, собраниската Комисија за избори и именувања ќе ги именува членовите на Државната изборна комисија, рече премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање.
- Она што го слушнав вчера, додека беа пратеничките прашања, е дека чекаме на одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги утврди своите претставници, како и ДУИ. Веројатно помалата...
Се истражува археолошкиот локалитет Градиште-Антигонеа кај Неготино
Се истражува археолошкиот локалитет Градиште-Антигонеа кај Неготино. Продолжуваат ископувањата од меѓународниот проект почнат во 2009 година. Активностите се реализираат од страна на НУ Археолошки Музеј на Македонија, во соработка со Општинската установа Музеј на град Неготино и Универзитетот Гдањск од Полска.
- Раководители на истражувањата се Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј на Македонија и Николас Секунда од Универзитетот Гдањск. Членови...
Почнуваат подготовките за Илинденскиот марш, утре е крајниот рок за пријавување
Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, информираат од општина Аеродром.
Оттаму додаваат дека подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, и оти досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.
Инаку, на маршот, кој на 27 јули ќе стартува...
Нова градинка во Џепчиште
Во тетовското село Џепчиште денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување на 50 деца од селото и околината. Станува збор за нов објект на градинката "Младост" со кој се очекува да се намали листата на чекање за упис во градинка.
-Во услови кога се бара место повеќе за згрижување на децата во претшколска установа, секој...
Камповите во Германија ќе бидат од затворен тип, без интеграција на мигрантите
Договорот меѓу Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер предвидува мигрантските центри што ќе бидат отворени во Германија, да гаранатираат дека мигрантите нема да имаат речиси никаков контакт со надворешниот свет, јави ДПА.
Во центрите во кои ќе се обработуваат барањата за азил нема да биде...
Шекеринска: Следната недела Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО
Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот на ратификување на протоколите, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која информираше дека денеска на владина седница е усвоен Стратегискиот одбранбен преглед.
Министерката Шекеринска напомена дека земјата на церемонија во Брисел на Самитот кој е закажан за 11 и...
Уапсен доскорешниот премиер на Малезија
Доскорешниот премиер на Малезија Наџиб Разак денеска е уапсен во рамки на истрагата за исчезнување на милијарди долари од државниот фонд, што тој го формирал пред десетина години.
Малезиската антикорупциска агенција најави дека против Разак ќе биде поднесено обвинение.
Апсењето доаѓа по неочекуваниот исход на парламентарните избори на кои коалицијата на поранешниот премиер Махатир Мохамед извојува победа над блокот на Разак.
Нов граничен премин на албанско- црногорската граница
Министрите за внатрешни работи на Албанија и на Црна Гора, Фатмир Џафај и Мелвудин Нухоџиќ во Скадар потпишаа спогодба за отворање нов граничен премин на албанско- црногорската граница.
Граничниот премин Зогај (Албанија) - Цкла (Црна Гора) ќе функционира за меѓународен патнички сообраќај и патници. На истиот ќе има заедничка контрола која ќе биде лоцирана на црногорска страна, на местото Цкла...
Во Прилеп започна изградбата на прв Информатички центар за опоравување од катастрофи
Во Прилеп започна да се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работата. Центарот се гради со европски пари обезбедени од ИПА компонентата – национална програма. Европската унија го
поддржува Министерството за внатрешни работи во воспоставувањето на Информатичкиот центар, како основа за идниот Шенгенски информациски систем на земјата корисник.
Овој инфромациски центар ќе овозможи зачувување (бекап) на...






































