Во Босна покренато обвинение против двајца радикални екстремисти

Босанското обвинителство денеска покрена обвиненија против двајца радикални екстремисти за заговор за терористички напад врз полиција. Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека Максим Бозиќ (28), православен христијанин кој го прифатил исламот, познат како „Мохамед“, и Един Хастор (46), босански муслиман, се членови на ултраконзервативно салафитско движење. Обвинителството ги обвинува дека им помогнале на неименувани луѓе да се стекнат со оружје и...

НАТО сојузниците не ги прифаќаат критиките од Трамп

Европските сојузници во НАТО не ги прифаќаат критиките на американскиот претседател Доналд Трамп дека малку трошат на одбраната. Пред Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули, Трамп на земјите членки на Алијансата им испрати писма во кои бара повторно да се посветат на расходите во одбраната. По руската анексија на Крим во 2014 година, земјите членки...

Тунис доби прва жена градоначалник

Суад Абдерахим, која беше прва на листата на исламистичката партија „Ан Нахда“ на локалните избори во Тунис, е избрана за градоначалничка на истоимениот главен град на земјата со што стана првата жена на оваа функција. Абдерахим, која е член на политичкото тело на „Ан Нахда“, но се изјаснува како независна, беше избрана денеска од страна на новите општински советници со...

На Дебарско Езеро и годинава ќе има спасувачи на вода

На брегот на Дебарското Езеро, во делот кај градската плажа, каде во летниот период има и најголема посетеност стартуваше екипата спасувачи на вода. Екипата ја сочинуваат шест момчиња, кои располагаат со соодветен сертификат. Како и минатото лето се на две локации на градската плажа, а за безбедноста на капачите ќе се грижат до 31 август. По повеќе од една деценија, првпат...

Прекин во водоснабдувањето утре во делови од Центар

Дел од корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „Костурски херои“ и Борка Талевски“ и на бул. „Теодосиј Гологанов“ во општина Центар утре од 10 часот ќе немаат вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЈП Водовод и канализација.  Прекинатото водоснабдување ќе биде поради изведување приклучок на водоводна мрежа на ул. „9 Мај“ бр. 44 и ќе...

Шекеринска: По Самитот на НАТО ќе се прецизира референдумот

Фокусот на Владата во моментов е насочен кон Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, со цел да се елиминира секоја можност за какви било отворени прашања и проблеми, а откако Македонија ќе ја добие долгоочекуваната покана, енергијата ќе биде насочена кон референдумот за договорот со Грција. Ова го порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана...

Во Турција разбиена мрежа за илегална трговија со оружје

Околу 60 луѓе, осомничени за илегална трговија со оружје се приведени во денешната операција спроведена во исто време во 14 турски окрузи. Обвинителството во округот Бурса издаде наредба за апсење на вкупно 72 лица. Полицијата изврши претрес на различни адреси во Бурса, во Истанбул, во Анкара, во Чанаккале, во Самсум и други окрузи, а конфискувани се поголемо количество на оружје и...

Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија

Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур. Посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен. - Прво конечно ги отвараме европските...

Девојче се удави во дупка со вода на градилиште во Илинден

Девојче родено во 2005 година поладнево се удавило во општина Илинден, во ископ исполнет со вода каде што се градел објект. Трагедијата се случила на улица бр. 2 во месноста Бигла во населбата Илинден. Случајот бил пријавен во 14.40 часот. Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно...

Шекеринска: Никој досега ниту во ЕУ, ниту во НАТО не побарал кампови за бегалци

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека никој ниту во Европската унија, ниту во НАТО не побарал отворање бегалски кампови во Македонија. - Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најодговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, никој не го спомнал прашањето...