Австрија има резерви за германскиот план за миграција

Австриската Влада има извесни сомнежи во однос на германската намера за склучување билатерален договор, кој му овозможува на Берлин да ги враќа кандидатите за азил уште на границата со Австрија, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц. - Се уште не знаеме што точно планира Германија. Но, уште сега можам да кажам дека дефинитивно не сме подготвени да склучиме договор на штета...

Бејли: Време на надеж за Македонија

Денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела. Ова го истакна...

Привремен сообраќаен режим од утре на бул. „Македонско-косовска бригада“

Привремен режим на сообраќај на бул. „Македонско-косовска бригада“ во Општина Чаир ќе биде воведен во наредните неколку дена поради поставување среднонапонски и нисконапонски приклучок на дел од булеварот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“. Сообраќајниот режим ќе биде воведен утре и ќе трае до сабота во периодот од 8 до 17 часот, и...

Некогашниот најбогат човек во Бразил, Батиста е осуден 30 години затвор за корупција

Бизнисменот Ејке Батиста, кој пред неколку години се сметаше за најбогатиот човек во Бразил, е осуден на 30 години затвор за корупција и перење пари, јави бразилската телевизија „Глобо“. Судот ја прифати верзијата на обвинението, според која бизнисменот му дал поткуп од 16,5 милиони долари на поранешниот гувернер на државата Рио де Женеиро Сержио Кабрал, кој беше уапсен во ноември...

Двајца повредени во пукање во основно училиште во Канзас

Две лица се тешко повредени во пукање во основно училиште во сојузната американска држава Канзас. Портпаролот на локалната полиција Џон Лејси изјави дека се претпоставува оти на пукањето му претходела расправија меѓу работници кои поставувале вештачка трева во дворот на училиштето. За време на пукањето во училиштето немало ученици. Осомничениот напаѓач избегал, а полицијата трага по него. 

Квитова елиминирана на „Вимблдон“

Двократната шампионка Петра Квитова (Чешка) беше елиминирана во првиот круг на „Вимблдон“. Квитова загуби од Александра Саснович (Белорусија) со 4:6, 6,4, 0:6 за два часа и четиринаесет минути поминати на теренот. Дваесет и четири годишната Саснович направи брејк во седмиот гејм на својот пат кон успехот во првиот сет.   Во вториот дел, Квитова ги зеде првите три гема и потоа водеше...

Харадинај: Косово има подобри односи со Кина отколку со БиХ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека односите на Косово со Кина се подобри одошто со Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за босанскиот весник „Аваз“, што го пренесоа косовските медиуми, Харадинај изјави дека „грешат многу оние кои мислат дека од непризнавањето на косовската независност губи само Косово“. - Видете, нашите луѓе патуваат во Кина, Кинезите го...

Во Босна покренато обвинение против двајца радикални екстремисти

Босанското обвинителство денеска покрена обвиненија против двајца радикални екстремисти за заговор за терористички напад врз полиција. Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека Максим Бозиќ (28), православен христијанин кој го прифатил исламот, познат како „Мохамед“, и Един Хастор (46), босански муслиман, се членови на ултраконзервативно салафитско движење. Обвинителството ги обвинува дека им помогнале на неименувани луѓе да се стекнат со оружје и...

НАТО сојузниците не ги прифаќаат критиките од Трамп

Европските сојузници во НАТО не ги прифаќаат критиките на американскиот претседател Доналд Трамп дека малку трошат на одбраната. Пред Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули, Трамп на земјите членки на Алијансата им испрати писма во кои бара повторно да се посветат на расходите во одбраната. По руската анексија на Крим во 2014 година, земјите членки...

Тунис доби прва жена градоначалник

Суад Абдерахим, која беше прва на листата на исламистичката партија „Ан Нахда“ на локалните избори во Тунис, е избрана за градоначалничка на истоимениот главен град на земјата со што стана првата жена на оваа функција. Абдерахим, која е член на политичкото тело на „Ан Нахда“, но се изјаснува како независна, беше избрана денеска од страна на новите општински советници со...