„Скрипал два“ во Солсбери?

Британската полиција информираше дека се случил сериозен инцидент во градот Ејмсбери, во кој две лица биле пронајдени во бессознание. Инцидентот се случил во близина на градчето Солсбери, во кое во март со нервен отров беа отруени пребеганиот руски разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Двете жртви биле пренесени во болницата во Солсбери во критична состојба. Се работи за маж и жена...

Условен опстанок на ЕУ

Помина уште еден самит на ЕУ, на кој повторно бевме сведоци на уште еден млитав договор и на многу мрачни сценарија за судбината на Унијата. Пред самитот во Брисел, на кој главна тема одново беа имигрантите, германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека средбата на европските лидери е клучна за решавање на иднината на ЕУ. Некогаш политички недопирливата канцеларка на...

Во Даблин воведен режим за вода поради неовообичаена суша во Ирска

Ирските власти забранија наводнување тревници и градини во областа на Даблин поради необичната суша во земјата, која е позната по зеленилото. Ирската метеоролошка служба соопшти дека некои делови на земјата се погодени од сушта, односно 15 дена се без врнежи. Во јуни, температурите достигнаа 32 степени Целзиусови, што е малку помалку од рекордот за Ирска. Во Дабилн во понеделникот била воведена...

Потона траект во Индонезија – 24 жртви, а по 41 лице се трага

Најмалку 24 луѓе загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при вчерашното потонување на траект. Спасувачките екипи пронашле 74 преживеани, а за уште 41 човек се уште се трага. Вкупно 139 патници и 48 возила имало на траектот за време на несреќата. Траектот сообраќал од Сулавеси до соседниот остров Селајар, кога почнало да дува силен ветер и големи бранови. Спасувачката мисија...

Сенатскиот комитет откри кој ги реши изборите во САД

Во анализа изработена од страна на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат се наведува дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин лично работеле да влијаат на претседателските избори во 2016 година. Анализата е објавена десетина дена пред закажаната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Путин во Хелсинки. Според анализата, која е заснована на извештаите на американските разузнавачки агенции,...

Во Кривичен ќе се слушаат „бомбите“ за „Траекторија“ и „Тревник“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тревник“, на кои треба да се слушаат прислушувани разговори, кои СЈО ги доставило како докази. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во...

Дванаесет лица ќе седнат на обвинителна клупа за смртта на малата Тамара

Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на р'бетот во странство. Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова како член на второстепената комисија и...

Подготовки за Договорот – референдум во Македонија, парламентарно мнозинство во Грција

Македонската влада се подготвува за референдум за договорот за името, додека грчката Влада посакува најголемо можно парламентарно мнозинство откако коалицискиот партнер во Владата и министер за одбрана, Панос Каменос на вонредна прес-конференција рече дека за Договорот од Преспа треба да одлучи народот на референдум или да има избори, доколку не биде изгласан со зголемено мнозинство од 180 пратеници. Премиерот Зоран...

Сончево и топло, попладне пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.  Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје слично време со мала до умерена...

Австрија има резерви за германскиот план за миграција

Австриската Влада има извесни сомнежи во однос на германската намера за склучување билатерален договор, кој му овозможува на Берлин да ги враќа кандидатите за азил уште на границата со Австрија, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц. - Се уште не знаеме што точно планира Германија. Но, уште сега можам да кажам дека дефинитивно не сме подготвени да склучиме договор на штета...