Синот на Тина Тарнер изврши самоубиство
Синот на пејачката Тина Тарнер, Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија.
Локалните власти потврдија дека тој вчера напладне бил пронајден мртов. Неколку часа претходно, неговата мајка гостуваше на Џорџо Армани шоуто на модна недела во Париз.
Крег беше најстариот син на познатата пејачка и на познатиот саксофонист Рејмонд Хил.
Поплава со име катастрофа
Токму така. Поплава со име катастрофа. Тоа е микро и макросликата на нашата денешна македонска ситуација, која, бидејќи во нејзиното средиште е темата за идентитетот, се однесува на Македонците по род. Тие се видот што е осуден на исчезнување во синџирот на биолошкиот и духовен свет, аналогно на многуте видови растителен и животински свет што го снемува во природата,...
Потрагата по тајландските момчиња – од очај до радост
Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер беа пронајдени во пештерата во која се загубија, во Тајланд, по деветдневна потрага.
Групата се наоѓа на растојание помеѓу 800 и илјада метри под земјата, на два километри во внатрешноста на пештерата, во која се загубија на 23 јуни, откако беше поплавена во врнежите.
Повеќе од една илјада припадници на тајландската армија се наоѓаат на...
Без струја утре делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и селото Ајватовци
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и селото Ајватовци утре ќе останат без електрична енергија.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре од 08:30 до 11 часот без струја ќе бидат жителите на улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ од број 105 до 126 во општина Кисела Вода.
Во периодот од...
„Скрипал два“ во Солсбери?
Британската полиција информираше дека се случил сериозен инцидент во градот Ејмсбери, во кој две лица биле пронајдени во бессознание.
Инцидентот се случил во близина на градчето Солсбери, во кое во март со нервен отров беа отруени пребеганиот руски разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Двете жртви биле пренесени во болницата во Солсбери во критична состојба. Се работи за маж и жена...
Условен опстанок на ЕУ
Помина уште еден самит на ЕУ, на кој повторно бевме сведоци на уште еден млитав договор и на многу мрачни сценарија за судбината на Унијата. Пред самитот во Брисел, на кој главна тема одново беа имигрантите, германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека средбата на европските лидери е клучна за решавање на иднината на ЕУ. Некогаш политички недопирливата канцеларка на...
Во Даблин воведен режим за вода поради неовообичаена суша во Ирска
Ирските власти забранија наводнување тревници и градини во областа на Даблин поради необичната суша во земјата, која е позната по зеленилото.
Ирската метеоролошка служба соопшти дека некои делови на земјата се погодени од сушта, односно 15 дена се без врнежи. Во јуни, температурите достигнаа 32 степени Целзиусови, што е малку помалку од рекордот за Ирска.
Во Дабилн во понеделникот била воведена...
Потона траект во Индонезија – 24 жртви, а по 41 лице се трага
Најмалку 24 луѓе загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при вчерашното потонување на траект.
Спасувачките екипи пронашле 74 преживеани, а за уште 41 човек се уште се трага.
Вкупно 139 патници и 48 возила имало на траектот за време на несреќата.
Траектот сообраќал од Сулавеси до соседниот остров Селајар, кога почнало да дува силен ветер и големи бранови.
Спасувачката мисија...
Сенатскиот комитет откри кој ги реши изборите во САД
Во анализа изработена од страна на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат се наведува дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин лично работеле да влијаат на претседателските избори во 2016 година.
Анализата е објавена десетина дена пред закажаната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Путин во Хелсинки. Според анализата, која е заснована на извештаите на американските разузнавачки агенции,...
Во Кривичен ќе се слушаат „бомбите“ за „Траекторија“ и „Тревник“
Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тревник“, на кои треба да се слушаат прислушувани разговори, кои СЈО ги доставило како докази.
Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во...







































