Полицијата не знае дали мажот и жената во Амсбери биле затруени како Скрипал
Полицијата во областа Вилтшир се уште не знае дали е извршено кривично дело врз мажот и жената, кои во саботата беа пронајдени во критична состојба во нивниот дом во Амсбери.
- Во оваа фаза не е јасно дали е извршено кривично дело, изјави заменик-началникот на локалната полиција Пол Милс, додавајќи дека истрагата продолжува „во блиска соработка со партнери“.
Четириесет и петгодишниот маж и четириесет...
Орбан: Унгарија ќе помага за враќање на мигрантите во Грција
Унгарија не може и не сака да прима мигранти што ќе бидат вратени од Германија, но е подготвена да помогне за нивно враќање во Грција, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан истакна дека позицијата на Унгарија од почетокот на мигрантска криза била „директна и искрена“, иако тоа понекогаш можеби делувало „непријатно“.
- Иста позиција имавме и во 2015 година. Балканската...
Поповски: Владата на Македонија најотворена меѓу владите од регионот
Владата на Република Македонија е на прво место во оценката за отвореност на Владите во регионот. Минатата година во исто такво истражување била на последно шесто место. Министерствата годинава, по истите критериуми, биле рангирани на трето место, а минатата биле исто така на последно. Најдобри оценки има Министерството за труд и социјална политика.
Ова го покажува истражувањето поддржано од ЕУ,...
Федерер рутински до третото коло на Вимблдон
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер рутински го совлада Словакот Лукас Лацко и се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон.
Федерер без многу напор и без загубен сет (6:4, 6:4, 6:1) за 92 минути игра триумфираше против 73-от играч на АТП листата.
Бранителот на титулата со оваа победа ја продолжи серијата од 26 освоени сетови во низа на...
Европскиот парламент бара забрана на бракови со малолетници
Европските пратеници денеска побараа во ЕУ да бидат забранети бракови со малолетници и присилните бракови.
Со 556 гласови „за" и 63 „против“, Европскиот парламент усвои резолуција на пленарната сесија во Стразбур, повикувајќи ги сите земји-членки да ги изедначат своите правила по ова прашање.
Во резолуцијата, која не е правно обврзувачка, ЕП „ги повикува законодавците, како во земјите членки на Европската унија,...
ЕУ разочарана од реформите во косовското образование: Вложивме 34 милиони евра, а резултатот е нула
Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова, денеска изрази разочарување од досегашната работа на косовското Министерство за образование, наука и технологија на очекуваните реформи во образованието, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Образовниот систем треба да тргне од нула. Во областа на образованието досега вложивме 34 милиони евра, но тие не даадоа резултат- рече Апостолова на...
Доверителите на „Агрокор“ спречија банкрот на компанијата
Доверителите на најголемата приватна компанија во Хрватска, „Агрокор“, го одбрија договорот за надмирување на долговите на холдингот, во што ќе се вклучат две руски банки кои ќе преземат 46 отсто од акциите.
Околу 80 отсто од 450-те претставници на диверителите гласаа за договорот, со кој се избегнува банкрот на најголемата компанија во регионот на Западен Балкан, во која се вработени...
Меркел: Германската Влада е стабилна и покрај спорот за миграцијата
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека спорот околу мигрантска политика меѓу владините партнери, не ја нарушува стабилноста на нејзината коалициска Влада.
- Не можам да ветам дека повеќе нема да имаме спорови околу ова, но и околку други прашања. Тоа е сосема вообичањено кога Владата вклучува три партии- изјави Меркел во интервју за телевизијата АРД.
Осврнувајќи се на притисокот на...
Кевин Спејси се соочува со нови обвиненија за сексуални напади
Британската полиција соопшти дека ги истражува тврдењата на уште три други лица, кои го обвинуваат американскиот актер Кевин Спејси за сексуални напади.
Претходно се тврдеше дека се истражуваат три случаи за наводни напади, но истрагата во Британија е проширена со уште три извршени во периодот од 1996 до 2013 година во Лондон и Глочестер.
Иако полицијата не ги соопшти имињата, обвинувањата...
Четворица каталонски сепаратистички лидери префрлени во затвор во Каталонија
Четворица од деветмината каталонски лидери, кои се во затвор поради нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија, денеска беа префрлени во затвори во областа согласно одлуката на новата шпанска Влада, чија цел е намалување на тензиите меѓу Мадрид и Барселона.
Меѓу сепаратистите, кои се преместени во затвор на 70 километри северно од Барселона, се поранешниот потпретседател на каталонската Влада,...







































